Оригиналната замисла на По за неговата најпозната поема била папагал, а не гавран…

Едгар Алан По (1809 – 1849) се смета за еден од најголемите американски писатели на сите времиња. Иако неговото творештво е богато и плодно, според многумина, „Гарванот“ е неговото највпечатливо дело. Тој ја напишал поемата кога бил во неговите 30-ти години. До средината на неговите 30-ти години, тој не бил само изморен од тешкотиите на сиромаштијата, туку и постојано бил опиен и тоа не само од неговите мрачни визии. И покрај ова, тој луцидно инсистирал дека има метод на неговото лудило кога станува збор за создавање поеми.

Во есејот „Филозофија на композицијата“ објавен во 1846 година, во списанието „Греамс Магазин“, По објаснил како функционирал неговиот креативен процес, особено во поглед на неговата најпозната поема: „Ниту една точка од композицијата на „Гарванот“ не е поврзана со случајност или интуиција…. работата до нејзиното завршување се одвиваше чекор по чекор, со прецизност и ригидна последица на математички проблем.“

Понатаму, наспроти популарната идеја дека По ги пишувал поемите во еднократни налети на инспирација, „Гарванот“ не се излеала одеднаш од неговото перо. Напротив, поемата се создавала низ еден пресметлив процес – процес кој вклучувал значителни промени, кој оделе дури и до главниот фокус на поемата.

Како пример за тоа како работел неговиот ум, По во погореспоменатиот есеј вели дека птицата која првично прелетала низ морничавата сцена и која е овековечена во поемата всушност била… папагал.

По размислувал за различните начини како безвременскиот извик „Nevermore!“ постојано да се повторува низ поемата. Со таа цел на ум, нему веднаш му текнало на папагал, бидејќи се работело за суштество кое било способно за изговарање зборови. Но, иако оваа идеја брзо му паднала на ум и сметал дека ја нашол својата пердувеста книжевна алатка, тој веднаш се загрижил за раскошноста и шаренилото поврзани со птицата. Папагалот, кој е прилично шарена и светла птица, не одговарал во умот на По, бидејќи не се вклопувал со расположението и атмосферата на поемата – меланхолија, „најлегитимната од сите поетски тонови.“ Во решавањето на оваа дилема во поглед на сликовитоста, тој направил промени во изгледот на пердувите, целосно преобразувајќи го папагалот со тоа што му дал црно руво.

Тој го објаснил своето дело во есејот: „Многу природно, во првиот момент, папагалот самиот се појави, но веднаш беше заменет со гавран, како подеднакво способен за говор, и бесконечно повеќе во согласност со наменетиот тон. Сега отидов толку далеку имајќи ја предвид и замислата за „Гарванот“ – птицата која носи лош предзнак, монотоно повторувајќи еден збор, „Nevermore“, на крајот од секоја строфа, во пoема со меланхоличен тон… “

Со овие естетски калкулации, По ја отстранил шарената птица која прво му долетала на ум и ја дочекал потемната птица која се прикрала:

„Панѕурите штом ги турнав, прекумене нешто јурна,
низ прозорецот се втурна Гарван горд до темен взор.
Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на лорд ил’ дама к’о што дојде однадвор,
врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
претна, седна и ни збор!

Деталите од поемата, вклучувајќи го и изгледот на птицата, морале да се вклопат едни во други, како рецепт, за да се извади на површина мрачниот концепт кој По сакал да го пренесе: Вртоглавиот пад во лудилото на ожалостениот љубовник, мажот кој тагува за загубата на убавата жена Леонора. Со тоа на ум, „Nevermore” кажано од клунот на папагалот едноставно го нема истиот сериозен и мрачен ефект.

Освен тоа, судејќи по различни историски извори, По имал конкретен гавран на ум, кој го инспирирал. Прочитајте го текстот „Како домашното милениче на Чарлс Дикенс го инпсирирало Едгар Алан По?“

Извор.

Leave a comment