Македонска поезија: „Расфрлани се моите мисли“ од Анте Поповски!

Денес е убав ден за споделување прекрасни македонски стихови! Изборот падна на оваа прекрасна песна на Анте Поповски!

Расфрлани се моите мисли – Анте Поповски

Расфрлани се моите мисли денес
како развеани листови
од некое старо евангелие
и небото над нас смрачено и тешко
и светлина нема,
барем себеси
уште малку да си се погледавме.
И јата птици само надлетуваат и грачат
и сам си
зашто и бог – господ кренал раце од себеси
и заминал некаде бесповратно.
Кого да молам,
кој да ме поучи
како да се живее без себеси?

Расфрлани се моите мисли денес
како пожолтените листови од нашето
домашно евангелие.

(„Две тишини“)

Leave a comment