Денес на блогот читаме прекрасна македонска поезија и македонски стихови. Изборот падна на „Поле“ од Матеја Матевски!
Поле – Матеја Матевски
Таго на тивките бои на копнежот
Зелените сенки на врбите
неосетно подвижни
на тихата река
на реката што лази
на реката успиена
се гушнуваат
Зошто ми е замрежен погледот
кога под нив ќе се насмевне песокот?
Кога стадото замечтано
од ливадата
зачудено ме погледне
а малото овчарче
ми мавне со раката
Таго на детството напуштено
Тоа ти ме викаш назад
во своите сонливи
длабочини

