Пролетно будење во ТРИ: Попуст на разновидни наслови!

Доколку сте во потрага по ново четиво за читање или барате нешто да ја освежите вашата домашна библиотека, во периодот до 11.04 ќе имате можност да набавите некоја книга од ТРИ. Во чест на доаѓањето на пролетта, ТРИ во следниот период ќе има попуст на одредени наслови, кои ќе бидат од различни жанрови.

Како што велат на нивната официјална Фејсбук страница:

„Она што пролетта ѝ го прави на природата, тоа книгата му го прави на умот: го буди и ги расцутува неговите идеи. Подготвени за пролетно книжевно будење, ве очекуваме во нашите книжарници, како и на нашата онлајн страница kniga.mk, со освежувачки попуст на различни наслови, меѓу кои се и најновите изданија на ТРИ.“

Меѓу некои од насловите на попуст се и новата „За што зборувам кога зборувам за трчањето“ на Мураками, трилери од Ју Несбе, популарните „Еден од нас лаже“ и „Еден од нас е следен“ од Карен М. Мекманус, но и различни книги за личен развој кои се популарни меѓу читателската публика. Доколку сакате да дознаете кои книги се на попуст, тоа можете да го сторите – тука.

Извор.

Leave a comment