Веќе сме средина на април, а и денес е петок, па затоа денес на блогот прочитајте ја оваа прекрасна песна на Јован Котески!
Април – Јован Котески
Љубена, заспи сред зелена трева
на мојот живот што може да роди
да здивне, згасне, потем да се крева
ко зелен пожар, млаз на брзи води.
И крена грутка земја црна, мека
допри ја нежно ко усни на грло,
ако е топла, знае ли да чека
далечни коњи и стада без трло.
Љубена, април да те љуби сака
ко ветен спомен, ко бел коњ што иде,
ко питом гулаб што слета на рака
со мене крвав во април да биде.

