Драги читатели, иако секој ден е важно да читаме и да ги славиме книгите, сепак денес е посебен ден бидејќи денес е официјалниот Светски ден на книгите и авторските права, кој УНЕСКО традиционално го одбележува секоја година на овој ден. Досега на блогот имало неколку објави за овој ден, кои топло ви ги препорачувам, бидејќи зборуваат и за историјата и тоа како дошло баш 23 април да биде прогласен за Светски ден на книгата и авторските права, а тука можете да ја прочитате и ланската порака на УНЕСКО, како и македонската порака која лани ја упати проф. д-р Методи Чепреганов.
Подолу можете да ја прочитате годинешната порака на УНЕСКО по повод овој прекрасен ден, а главната порака е: „Читај и никогаш нема да се чувствуваш осамено“!

(Извор: UNESCO)
Зошто читањето е поважно сега отколку кога било?
Во текот на минатата година кога многу земји се соочија со периоди на изолација и луѓето беа приморани да го ограничат времето поминато надвор, книгите се докажаа како моќни алатки за да се совлада изолацијата, да се зацврстат врските меѓу луѓето, да се прошират хоризонтите додека истворемено ги поттикнуваме нашите умови и креативноста. Во некои земји бројот на прочитани книги се дуплираше.
Во текот на април и преку целата година, многу е важно да читате сами или со вашите деца. Време е да се слави значењето на читањето, да се поттикнува развојот на децата како читатели и да се промовира доживотната љубов кон книжевноста и интеграцијата во светот на творештвото.
Преку читањето и славењето на Светскиот ден на книгата и авторските права, кој традиционално се одбележува на 23 април, можеме да се отвориме кон другите и покрај растојанието и можеме да пaтуваме благодарејќи на мечтаењето.
Во подготовка на Светскиот ден на книгата и авторските права, УНЕСКО ве охрабрува да се предизвикате себеси, да истражите нови теми, формати или жанрови надвор од вообичаените. Нашата цел е да ги поттикнете луѓето да читаат и да се забавуваат во процесот! Сега е можноста за тоа, бидејќи во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторските права, УНЕСКО реши да започне книжевен предизвик.
(„Соба без книги е како тело без душа.“ – Цицерон)
Кориците на книгата се неверојатно важни и имаат важна улога во нашите одлуки кога купуваме книги. Сите сме особено критички настроени кон кориците. Пандемијата исто така нè потсети сите на важноста на книгите и читањето во смисла на удобност и бегство од реалноста, нешта кои минатата година ни беа потребни на сите. Секогаш ни е драго кога ќе видиме дека некој наслов е убаво претставен, бидејќи добрата корица може да ја направи успешна книгата, но може и да ја повлече кон неуспех.
Приклучете се на заедницата на читатели за Светскиот ден на книга преку книжевниот предизвик „Книжевно лице“!
Во овие околности, ги покануваме студентите, наставниците, читателите од целиот свет, како и книжевната индустрија и библиотеките да ја изразат нивната љубов кон читањето преку своето учество во овој предизвик.
Нудиме и материјали коишто може да ги користите за да ги ангажирате читателите, поединците и институциите. Без оглед дали ќе ги испечатите и залепите на ѕидовите, или ќе ги споделите на социјалните мрежи или на вашата веб-страница, сепак тоа многу ќе помогне во прослава на овој ден!
(„Книгите се авионот, и возот, и патот. Тие се одредницата и патувањето. Тие се домот.“ – Ана Кундлен)
Преземете го овој комплет алатки – тука.
Колку повеќе луѓе можеме да допреме, толку повеќе луѓе можат да добијат помош.
Одри Азулау, Генералната директорка на УНЕСКО, по повод овогодинешниот Светски ден на книгата и авторските права:
„Моќта на книгите мора да биде целосно искористена. Ние мора да ја обезбедиме нивната пристапност за да можат сите да пронајдат бегство во книгите и со тоа што ќе го прават тоа, ќе можат да сонуваат, учат и да размислуваат.“
Тука можете да ја прочитате оригиналната порака на англиски јазик.
„Книгите се уникатно пренослива магија.“ – Стивен Кинг
„Доброто читање е една од најголемите задоволства кои може да ти ги овозможи самотијата.“ – Харолд Блум
„Книгите му даваат душа на универзумот, крилја на умот, лет на фантазијата и живот на сѐ.“ – Платон
„Книгите се за луѓе кои посакуваат да бидат на некое друго место.“ – Марк Твен
„Книгите се како лек – доброто читање може да излечи будала.“ – Лиу Ксијанг







