Македонска поезија: „Наеднаш срцето ми се стеснило“ од Лилјана Дирјан!

Денес читаме прекрасни стихови од македонската поетеса Лилјана Дирјан!

Наеднаш срцето ми се стеснило – Лилјана Дирјан

Како да е гарсониера
Има сѐ, ама сето е некако смалено
надвиснале книгите по полиците,
плакарот е полн со непотребни алишта
речиси се како нови, си велам,
ама стеснети, ги издава некоја демоде варијанта
и тенџерињата се со по некоја кршеница
распар се филџаните, распар чиниите
сѐ е некако распар во ова срце
не е одамна варосано, паѓа бојата, паѓаат плочките
меѓу струјомерот и таваницата еден пајак
си направил мрежа
а ова срце еднаш имаше и лева и десна преткомора.

Leave a comment