Познат датумот за овогодишниот Саем на книга!

Верувам дека не постои љубител на книги кој нема да се израдува на фактот што го дознавме датумот за овогодишните Саем на книга! Драги љубители на книги, почнете да ги подготвувате вашите листи, бидејќи познат е периодот на одржување на Саемот на книга, а тоа е периодот од 8 до 14 септември!

Како и последните неколку години и оваа година Саемот на книга ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ и тоа под мотото „Безбедни саеми“. Како и минатата година, така и оваа, протоколите за заштита од КОВИД-19 ќе бидат согласно испочитувани, за што јавноста ќе биде навремено известена.

(извор на сликата: prikazni.mk)

Како што пренесува „Радио МОФ“, Саемот на книга ќе биде организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија. Освен тоа, како и останатите години, Саемот ќе биде поддржан и од Министерството за култура.

Изјавата на организторите беше пренесена на Радио МОФ:

„Саемот на книга претставува најпозната манифестација за читателите и е проследена со масовна продажба на книги. Издавачите ги подготвуваат најновите изданија за презентација, а посетителите повторно ќе можат да изберат од големата и разновидна понуда од голем број домашни и странски автори“

Одличен период за да се надополни и освежи домашната библиотека по летните одмори!

Се гледаме на Саем на книга!

Извор: Радио МОФ

Leave a comment