Доколку се подготвувате за летото и сакате да се „опремите“ со книги за да читате летово, тогаш периодов треба да се упатите во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје, бидејќи од 2 до 6 јуни (од 10 до 22 часот) ќе има „Денови на книгата“, настан организиран од Македонската асоцијација на издавачи, како што објавија на нивната официјална страница на Фејсбук.

(Извор на книгата: МАИ, Фејсбук)
Во текот на овој период, ќе имате можност да набавите изданија на ТРИ, Арс Ламина, Антолог, Полица, Култура, Сакам книги, Топер, Бата Прес, Едука МААК, Мартина, Паблишер, Икона и Просветно дело. Направете си список и подарете си книга!
—————–
Освен ова случување, во Градски парк (кај Школка), за родителите и најмладите има интересен настан „Качи се на ѕвездите со Стела и Сани“ на 3 јуни (четврток) со почеток од 18 часот.
(Извор на сликата: ТРИ/Фејсбук)
Како што пишуваат ТРИ на нивната Фејсбук страница:
„Што ќе има таму? Што сè не! Со новите книги-ѕвезди на Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева и Венко Андоновски ќе растеме и ќе се качуваме сè до небото! Таму се игра и се пеат нови песни кои досега не сме ги пееле со Стела и Сани, за прв пат се промовираат сликовниците за овие ѕвездести пријателчиња, напишани од Бистра Георгиева и илустрирани од Катерина Николовска, а се прават и магиски трикови!Да го пречекаме летниот распуст потпрени на облачињата со романи за Стела и Сани во рацете!“

