Македонска поезија: „Мојот татко“ од Анте Поповски!

На денешен ден во 1931 година се родил еден од најголемите великани на македонската поезија, Анте Поповски! Во негова чест, денес читаме македонска поезија!

Мојот татко – Анте Поповски

Откако тој засекогаш излезе од својата куќа –
веднаш по него и куќата отпатува со него:
темелите, столбовите, скалите, покривот,
тргнаа по неговите траги и исчезнаа.
Куќата беше составена од неговиот глас,
од неговото чисто шамиче,
од неговиот поглед и неговиот ớд,
и јасно беше дека не можеше да се случи
тој да замине – куќата да остане!
Денес, само ние, неговите деца
можеме да го одгатнеме тоа чудо:
на среќниот мој татко куќата му беше
единствена црква во која тој се молеше
и целото наследство што ни го остави
е сјајот во неговите очи дури се крстеше
и ја глаголеше молитвата на трпезата.

He можеше да се случи:
ангелот да замине – црквата да остане…

Leave a comment