Денес во „Буква“: Собирање книги за библиотеката на Креативен викенд во Лазарополе!

Доколку имате вишок книги дома или сакате да направите повеќе место во вашата домашна библиотека, тогаш денес појдете во кафе-книжарницата „Буква“, каде со почеток во 17 часот, ќе започне акцијата за собирање книги за библиотеката на „Креативен викенд“ во Лазарополе.

Како што се наведува на официјалниот настан на Фејсбук, сите оние кои имаат по некоја книга која сакаат да ја споделат или подарат, можат да помогнат во збогатување на библиотечниот фонд на „Креативен викенд“.

(илустрација: Екатерина Паниканова/извор: Фејсбук)

Проектот „Креативен викенд“ во организација на Јован Ламбески се состои од работилници на кои се работи на различни креативни аспекти и уметнички перспективи, каде авторите имаат можност да се соберат на едно прекрасно место и заедно да работат, да се инспирираат, создаваат, пишуваат, цртаат, да ја претстават својата работа, да соработуваат, да се дружат и да уживаат во природата.

Leave a comment