Римскиот филозоф Кикерон е првиот кој кажал: „Соба без книги е како тело без душа“. Но дали е тоа вистина? И што ако собата има само малку книги?
Ако ја прашате Мари Кондо, таа не би се согласила со реченицата на Кикерон. За јапонската авторска и нејзините милиони читатели, помалку предмети = повеќе радост и патот кон вистинската радост е само да се чуваат работите кои ве прават среќни. Тоа ги вклучува и книгите. Во „Магијата на средувањето која го менува животот“, таа напишала: „Сега мојата збирка на книги во секое време вклучува 30 книги. Да бидеме реални, само мал дел од вашите книги ќе ги прочитате повторно.“
Но, доколку го прашавте италијанскиот писател и ревносен собирач на книги Умберто Еко, чија лична лавиринтска библиотека содржела повеќе од 30.000 книги – тогаш тој би ви кажал да се држите до секој наслов кој го имате, без оглед на тоа дали планирате да ја прочитате книгата или не. За него, книгите кои не сте ги прочитале се подеднакво важни како оние кои сте ги прочитале. Затоа што непрочитаните книги се местото каде што се случува вистинската акција. Тие ја претставуваат вашата книжевна амбиција и местата каде што допрво треба да одите.
А каков собирач на книги сте вие? Дали едвај чекате да се ослободите од книгата во моментот кога ќе ја прочитате? Или можеби сте личност која чува сè што некогаш прочитала, како книжевна мапа на вашиот живот?
Или (најверојатно) сте некаде на средина. Ајде да видиме што велат од веб-страницата на издавачката куќа „Пингвин“.
0 – 5
Какви книги навистина имате? Готвач за кујната, книга со урбана фотографија на масата и вашиот алманах некаде во кутии? „Големиот Гетсби“? Вие сте владетел со данската уметност „хиге“. Вие сте меѓу најретките луѓе кои почувствувале што е вистинска духовна слобода, со целата нејзина функционална и убава слава.
5 – 50
За вас, книгата е само сад за знаењето содржано во неа; нејзината хартија, буквите и обоената картичка се само облека за да ја грее голата вистина. Вие сте тип на читател кој ќе чува книга што ви ја допрела душата: подарок од стара симпатија, книгата на Роалд Дал, која татко ви ви ја читал 50 пати како дете, значаен потпишан мемоар од некоја славна личност – но тоа е тоа. Останатите најдобро се чуваат на е-читач, како аудио-книга на вашиот телефон или во нејзиното височество, Библиотеката.
Точно 42 книги
Во ред е, само малку буквално ја сфативте „Автостоперски водич низ галаксијата“, нели? Опуштете се. Плус, има нешто сизифовско во тоа што вашата колекција е толку специфично точна, при што треба да одлучите кои книги ќе ги замените секогаш кога ќе донесете нешто ново. Ова може да стане сериозно, како книжевен еквивалент на „Изборот на Софи“, или кога музеј за восочни фигури треба да избере која славна личност ќе се стопи за да се направи нова. Време е да се проширите, да прочитате нешто надвор од вашата удобна зона. Книгите немаат чувства; не можете да изневерувате една книга со друга. Нешто од Умберто Еко, можеби?
50 – 150 книги
За вас, книгите течат низ вашиот живот како пријатели. Многу доаѓаат и си одат со текот на годините, но најдобрите остануваат со вас засекогаш. Ова е најчестиот тип колекционери на книги. Вашата колекција е далеку од репрезентативна за сите книги што сте ги прочитале. Но, таа ги содржи книгите што сте ги сакале и не можете да поднесете да се ослободите од нив; оние кои знаете дека еден ден ќе ги прочитате повторно. Тие се исто така манифестација во вид на хартија и мастило на сите најдобри делови од вашата личност и сакате да ги покажете. И зошто да не? Да ја споделите вашата полица е исто како да се споделувате самите, и не би сакале да биде поинаку.
150 – 500 книги
Тука влегувате во територијата на „мала лична библиотека“ – Светиот Грал на чувањето и собирањето книги. Некој доаѓа и ви поставува прашање на кое не можете да одговорите … сигурно, можете само да се пренесете до вашата библиотека со големина на ѕид, да ставите еден прст на усната и да пребарувате низ полиците додека не го пронајдете вашиот одговор. Вие очигледно сте „Темелен читател“, оној тип што го вдишува пишаниот збор како воздух. Го обожавате чувството на хартијата помеѓу вашите прсти, звукот на шушкање при секое вртење на страница, како да му кажува на надворешниот свет да замолчи и да ве остави да читате. Дали ги позајмувате своите книги ? Сериозно: Дали Хари Потер го позајмува своето магично стапче? Токму така.
500+ книги
Вашиот дом повеќе не е само дом. Тоа е храм на пишаниот збор, ода на мислењето, профил на библиофил каде што книгите се протегаат во секоја насока за да ве потсетат кои сте, каде сте биле и каде треба да одите. Вие сте повеќе од обичен читател, вие сте колекционер. Вие сте сенсеј на патот кон цундоку – јапонската уметност да купувате многу книги и никогаш да не ги читате. Но, овие непрочитани книги не се само таму за да направат добра позадина за состаноци на ZOOM. Тие се, како што вели либанско-американскиот автор и мислител Насим Николас Талеб, „моќен потсетник за вашите ограничувања – огромното количество работи што не ги знаете, работи кои наполу ги знаете или работи за кои еден ден ќе сфатите дека не сте биле во право.”
Тоа е моќта на книгите: тие ве прават подобра личност … дури и кога не ги читате.

