Издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“ е препознатлива по своето издаваштво со тоа што става фокус на македонските писатели и писателки. Во следниот период, тие организираат акција „Македонска книжевна недела (и пол)“, каде на попуст ќе бидат делата на нивните автор(к)и.
Акцијата ќе трае од 14 до 23 јуни во книжарница „Или-Или“!
Меѓу автор(к)ите чии дела ќе бидат на попуст се наоѓаат: Фросина Пармаковска, Румена Бужаровска, Ненад Јолдески, Димитар Димоски, Кица Колбе, Лидија Димковска, Оливера Ќорвезироска, Петар Андоновски, Давор Стојановски и уште многу други.
Тука може да го погледнете целиот каталог и делата кои ќе бидат на попуст, а тука следете го официјалниот настан на Фејсбук.
Да ги поддржуваме македонските писатели и писателки!

