Започнува Летниот фестивал на книгата во ТРИ!

Под слоганот „Почувствувај го мирисот на летото“, издавачкиот центар „ТРИ“ го најавува нивниот летен фестивал кој ќе започне денес и ќе трае сè до 21 август! Доколку сте во потрага по книги за читање летово, особено ако се подготвувате за одмор, тогаш можеби токму тука ќе си најдете четиво што ќе ви легне.

Како што наведуваат на нивната Фејсбук страница:

„Летниот ветер, од утре па сè до 21 август, на полиците во ТРИ ќе донесе извонредни нови наслови, големи попусти и многу награди.“

Меѓу книгите кои се на попуст, може да ги најдете делата на Харуки Мураками, Џорџ Орвел, Елена Феранте, Пауло Коелјо, Ју Несбе, Венко Андоновски, Елиф Шафак, Петре М. Андреевски, Винка Саздова и уште многу други, а ќе најдете и нови изданија на книги кои досега не биле издадени.

Доколку ве интересира понудата на ТРИ, можете да го погледнете нивниот каталог „Лето со мирис на книги“.

Leave a comment