Препораки за 10 добри книги од Сигмунд Фројд!

Кога во далечната 1907 година му пристигнало писмо со молба на читателите да им препорача десет добри книги, познатиот психотерапевт Сигмунд Фројд го дал следниот одговор:

„Ме замоливте да наведам „Десет добри книги“, без понатамошни објаснувања. Па затоа ми е дадена можноста не само да ги изберам книгите, туку и да го толкувам вашето барање.

Наклонет сум на обрнување внимание на деталите, па морам да се потпрам на вашето изразување, со кое го наведувате ова енигматично барање. Не рековте „Десет најдобри книги во целата книжевност“, затоа што во тој случај, меѓу многу други, не би можел да ги изоставам Хомер, трагедиите на Софокле, „Фауст“ на Гете, „Хамлет“ и „Макбет“ на Шекспир, итн.

Не рековте ни „Десет најзначајни книги“ меѓу кои свое место би морале да имаат и научните достигнувања како оние на Коперник, или достигнувањата на стариот физичар Јохан Веер, Дарвиновата „Потекло на човекот“ и многу други.

Не ме прашавте ни за омилени книги, каде би ги сместил и Милтоновиот „Изгубен рај“ и Хајнеовиот „Лазарус“.

Оттаму, мислам дека во вашата реченица посебен акцент е ставен на зборот „добри“, како во овој израз да целите на книги кои човек ги гледа како и на „добри пријатели“, книги во кои поединецот уживал и радо ги препорачува на другите, но на таков начин што чувството на сопствената маленкост наспроти големината на тие дела не е особено истакнат.

Затоа ќе наведам десет „добри“ книги кои ми паднаа напамет, без претерано размислување.

10 „добри“ книги

  1. Мулталули, „Писма и дела“
  2. Радјард Киплинг, „Книга за џунглата“
  3. Анатол Франс, „На белата карпа“
  4. Емил Зола, „Плодност“
  5. Димитриј Мерешовски, „Романсата на Да Винчи“
  6. Готфрид Келерм „Луѓето од Селдвила“
  7. Конрад Фердинанд Мајер, „Последните денови на Хутен“
  8. Томас Б. Макаоле, „Критички историски есеи“
  9. Теодор Гомперц, „Античка филозофија“
  10. Марк Твен, „Скици“

Не знам што планирате да направите со оваа листа. Делува премногу невообичаено, дури и за мене.

Со вашето барање да наведам „Десет добри книги“, допревте теми на кои уште неизмерно многу би можело да биде кажано. Затоа вака би го заклучил својот одговор, за да не стане уште поинформативен.

Искрено Ваш,

Сигмунд Фројд

Извор.

Leave a comment