Вистинскиот хорор настан кој бил инспирација за романот „Моби Дик“!

Во јули 1852 година, 32-годишниот романописец Херман Мелвил полагал големи надежи за неговиот нов роман „Моби Дик или Китот“, и покрај мешаните критики и лошата продажба. Вој тој период се качил на параход до Нантакет за неговата прва посета на Масачусетс, домашното пристаниште на неговиот митски протагонист, капетанот Ахав и неговиот брод „Пиквод“. Како турист, Мелвил се запознал со локалните благородници, вечерал со нив или го разгледувал селото кое претходно само го замислувал.

На неговиот последен ден во Нантакет се запознал со 60-годишен маж кој бил капетан на „Есекс“, бродот кој бил нападнат и потонат од бел кит во 1820 година, инцидент кој бил инспирација за романот. Капетанот Џорџ Поланд имал само 29 години кога „Есекс потонал“ и тој преживеал и се вратил во Нантакет за да биде капетан на уште еден брод „Двајца браќа“. Но, кога и тој брод бил уништен на корален брег по две години, капетанот бил прогласен за „несреќен на море“, или „Јона“ и ниту еден сопственик на брод повеќе не сакал да му го довери својот брод. Поланд ги живеел своите години во селото како ноќен чувaр.

(Извор: Alamy/New York Times)

Мелвил накусо пишувал за Поланд во „Моби Дик“, и само во контекст на моментот кога китот го потонал неговиот брод. За време на неговата посета, Мелвил подоцна напишал дека тие двајца „размениле само неколку зборови“. Но, Мелвил знаел дека авантурите на Поланд на море не завршиле со потонувањето на Есекс и не сакал да ги евоцира ужасните спомени кои капетанот сигурно ги носел со себе. Мелвил напишал: „За островјаните тој беше никој и ништо, а за мене беше најимпресивниот човек, сосема скромен и приземјен, кој некогаш сум го сретнал.“

Полард им ја раскажал целата приказна на колегите капетани за време на една вечера непосредно откако се спасил по инцидентот со „Есекс“, и на мисионерот Џорџ Бенет. За Бенет, неговата приказна била како исповед. Секако, се работело за мрачна приказна: 92 дена и непроспиени ноќи на море, во чамец што протекувал, без храна, а неговиот преживеан екипаж полудел под непростливото сонце, евентуалниот канибализам и потресната судбина на две момчиња тинејџери, вклучувајќи го и првиот братучед на Полард, Овен Кофин. „Но, не можам повеќе да ти кажам – главата ми се запали од сеќавањето“, му рекол Полард на мисионерот. „Речиси и не знам што зборувам“.

Според информациите на Мелвил, проблемите за „Есекс“ започнале на 14 август 1819 година, само два дена откако отпловил од Нантакет на пловидба која требала да трае две и пол години. Огромниот брод бил погоден од бура која речиси го уништила највисокото едро и речиси го потопила бродот. Сепак Полард продолжил, и по пет недели стигнале до Кејп Хорн. Но, екипажот составен од 20 луѓе сфатил дека водите околу Јужна Америка се речиси без риби, па затоа одлучиле да отпловат до далечините предели со китови во Јужниот Пацифик, далеку од брегови.

За да надополнат резерви, „Есекс“ се закотвил на островот Чарлс на Галапагос, каде екипажот собрал шеесет желки од 100 килограми. Во обид да се пошегува, еден член на екипажот запалил оган, кој, во сувата сезона, брзо се проширил. Луѓето на Полард едвај избегале, морале да трчаат низ пламенот и еден ден откако испловиле, сè уште можеле да видат чад од опожарениот остров. Полард бил бесен и се заколнал дека ќе му се одмазди на оној кој го започнал огнот. Многу години подоцна, островот Чарлс сè уште бил поцрнета пустелија, а се верувало дека пожарот предизвикал истребување и на желката Флорејана и на птицата-подбивница Флорејана.

До ноември 1820 година, по неколкумесечно просперитетно патување и илјада милји од најблиското копно, чамци на „Есекс“ фатиле китови кои ги влечеле кон хоризонтот во она што екипажот го нарекол „Возење санка кон Нантакет“. Овен Чејс, 23-годишниот прв морнар, останал на бродот „Есекс“ за да направи поправки додека Полард отишол на лов на кит. Чејс бил оној кој забележал многу голем кит, кој според негова процека бил долг околу 26 метри, како лежи тивко во далечината, со главата свртена кон бродот. Потоа, по две или три „плиснувања“, гигантот тргнал директно кон „Есекс“, „залетувајќи се кон нас со огромна свесност“, се присетувал Чејс. Китот со глава се срушил врз бродот со „таков ужасен и огромен тресок, што за малку ќе нè фрлеше сите на лице“.

Китoт поминал под бродот и започнал да треска во водата. „Јас јасно можев да го видам како ги удира вилиците, како да е распламтен од бес и фурија“, се присетил Чејс. Тогаш китот исчезнал. Екипажот се фокусирал на дупката во бродот и работеле со пумпите кога еден човек извикал: „Еве го – тој повторно нè напаѓа“. Чејс го забележал китот, со главата наполу над водата, како напаѓа со голема брзина. Овојпат тој го погоди лакот директно под едрото и исчезнал засекогаш.

Водата влегувала во бродот толку брзо, па единственото нешто што екипажот можел да стори е да ги спушти чамците и да се обиде да ги наполни со навигациски инструменти, леб, вода и залихи пред „Есекс“ да се преврти настрана.

Полард од далечина видел дека неговиот брод е во неволја, а потоа се вратил и го видел „Есекс“ целосно уништен. Занемен, тој прашал: „Боже, господине Чејс, што е работата?“

Тој одговорил: „Нè нападна кит.

Потоа се вратил и друг брод, а мажите седеле во тишина, нивниот капетан сè уште бил блед и без зборови. Некои, како што забележал Чејс, „немаа идеја за обемот на нивната жална ситуација“.

(Овен Чејс, првиот морнар на „Есекс“, во поодминати години)

Мажите не биле подготвени да го напуштат пропаднатиот „Есекс“ додека тој полека тонел, а Полард се обидел да смисли план. Имало вкупно три чамци и 20 мажи. Тие пресметале кои острови се најблиску и Полард сакал да тргне кон нив, но во една од најироничните одлуки во историјата на пловидбата и морнарството, Чејс и екипажот го убедиле дека тие острови се населени со канибали и дека најдобрата шанса за преживување би била да пловат на југ. Растојанието до копно би било далеку поголемо, но тие би можеле да ги фатат трговските ветрови или да бидат забележани од друг брод за ловење китови. Само Полард ги сфатил последиците од избегнувањето на островите. (Според Натаниел Филбрик, во неговата книга „Во срцето на морето: Трагедијата на китосарството Есекс“, иако гласините за канибализам опстојувале, трговците ги посетувале островите без инциденти.)

Така, тие го оставиле „Есекс“ и се качиле на своите чамци од 20 метри. Тие се соочиле со предизвици речиси од самиот почеток. Солената вода го уништила лебот, а мажите почнале да дехидрираат додека јаделе. Сонцето печело. Бродот на Полард бил нападнат од кит убиец. Тие забележале копно, островот Хендерсон, две недели подоцна, но земјата била неплодна. После уште една недела, мажите почнале да остануваат без залихи. Сепак, тројца од нив одлучиле дека повеќе сакаат да ги искористат своите шанси на копно отколку да се качат назад на брод. Никој не можел да ги обвини. А покрај тоа, ќе имало повеќе место за преостанатите мажи во чамците.

До средината на декември, по неколку недели на море, чамците почнале да се полнат со вода, ноќе повеќе китови претставувале закана за мажите, а до јануари, ситните оброци почнале да го земаат својот данок. На чамецот на Чејс, еден човек полудел, станал и побарал салфетка и вода, а потоа добил „најужасни и најстрашни грчеви“ и следното утро починал. „Човештвото мора да се згрози од страшниот хорор на она што следеше потоа“, напишал Чејз. Екипажот „ги оддели екстремитетите од неговото тело и го исече целото месо од коските; по што, го отворивме телото, го извадивме срцето, а потоа повторно го затворивме – го зашивме колку што можеше попристојно и го положивме во морето.“ Потоа ги испекле органите на човекот на рамен камен и ги изеле.

Во текот на следната недела починале уште тројца морнари, а нивните тела биле зготвени и изедени. Едниот брод исчезнал, а потоа чамците на Чејс и Полард се изгубиле еден со друг. Залихите на човечко месо не траеле долго, и колку повеќе јаделе преживеаните, толку погладно се чувствувале. На двата чамци мажите станале премногу слаби за да зборуваат. Четворицата мажи на бродот на Полард рекле дека без храна, тие ќе умрат. На 6 февруари 1821 година – девет недели откако се простиле од „Есекс“ – Чарлс Рамсдел, тинејџер, предложил ждрепка за да утврдат кој ќе биде следен за јадење. Тоа бил обичај на морето, датирано, барем во запишана инстанца, од првата половина на 17 век. Мажите во бродот на Полард го прифатиле предлогот на Рамсдел, и ждрепката паднала на младиот Овен Кофин, првиот братучед на капетанот.

Полард ѝ ветил на мајката на момчето дека ќе го чува. „Мое момче, мое момче!“ капетанот извикал: „ако не ти се допаѓа изборот, ќе пукам во првиот човек што ќе те допре“. Полард дури понудил да се замени со момчето, но Кофин решително одбил. „Ми се допаѓа, како и на сите други“, рече тој.

Рамсдел извлекол ждрепка каде му се паднало да пука во својот пријател. Паузирал долго. Но, тогаш Кофин ја потпрел главата на оружјето на бродот и Рамсдел го повлекол чкрапалото.

Полард рекол: „Наскоро беше распарчен и ништо не остана од него.“

До 18 февруари, по 89 дена на море, последните тројца луѓе на бродот на Чејс забележале брод во далечината. По хаотична бркотница, тие успеале да го фатат англискиот брод „Индијан“ и биле спасени.

На далечина од 3000 километри, на бродот на Полард останале само капетанот и Чарлс Рамсдел. Тие ги имале само коските на последните членови од екипажот кои умреле, кои ги скршиле од дното на чамецот за да можат да ја изедат коскената срж. Како што поминувале деновите, двајцата мажи биле опседнати со коските кои биле расфрлани на подот на бродот. По една недела откако Чејс и неговите мажи биле спасени, еден член на екипажот на американскиот брод „Дофин“ го забележал чамецот на Полард. Изменоштени и збунети, Полард и Рамсдел не се радувале на нивното спасување, туку се свртеле кон дното на чамецот и ги бутале коските во нивните џебови. Сигурни и безбедни на „Дофин“, двајцата мажи во делирум биле видени како ги „шмукаат коските на нивните мртви другари, со кои не сакале да се разделат.“

Преживеаните од „Есекс“ повторно се обединиле во Валпараисо, каде се опоравиле пред да отпловат назад за Нантакет. Како што пишува Филбрик, Полард се опоравил доволно за да им се придружи на неколку капетани на вечера, и тој им ја раскажал целата приказна за бродоломот на „Есекс“ и неговите три вознемирувачки месеци на море. Еден од присутните капетани се вратил во својата соба и запишал сè, нарекувајќи го извештајот на Полард „највознемирувачкиот наратив што некогаш дошол до мене“.

кеч на Томас Никерсон, извор: Public Domain, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=127700)

Години подоцна, третиот брод бил откриен на островот Дачи; на бродот имало три скелети. За чудо, тројцата мажи кои одлучиле да останат на островот Хендерсон преживеале во текот на (речиси) четири месеци, претежно јаделе школки и птичји јајца, сè додека еден австралиски брод не ги спасил.“

Откако пристигнале во Нантакет, преживеаните морнари од екипажот на „Есекс“ биле добро пречекани, главно без осуда. Канибализмот во најстрашни околности, било образложено, бил обичај на морето. (Во слични инциденти, преживеаните одбиле да го јадат месото на мртвите, но го користеле како мамка за риби. Но, Филбрик забележува дека луѓето од „Есекс“ биле во вода, главно лишени од морски животни на површината.)

На капетанот Полард, сепак, не му било простено така лесно, бидејќи го изел својот братучед. (Еден научник подоцна го нарече чинот „гастрономски инцест“.) Мајката на Овен Кофин не можела да биде во присуство на капетанот. Откако му завршиле деновите на море, Полард го поминал остатокот од својот живот во Нантакет. Еднаш годишно, на годишнината од потонувањето на „Есекс“, се вели дека тој се заклучувал во својата соба и постел во чест на неговите изгубени членови на екипажот.

До 1852 година, Мелвил и „Моби Дик“ започнале со свое лизгање кон заборав. И покрај надежите на авторот, неговата книга се продала во само неколку илјади примероци за време на неговиот живот, а Мелвил, по уште неколку неуспешни обиди за романи, решил да води затворен и изолиран живот и поминал 19 години како царински инспектор во Њујорк. Тој пиел и бил ужасно погоден од смртта на неговите два сина. Депресивен, тој ги заменил романите со поезија. Но, судбината на Џорџ Полард никогаш не била далеку од неговиот ум. Во својата поема „Кларел“ пишува:

Ноќен чувар на кејот
Гледајќи ги балите до утринскиот час
И низ убавина и лошо. Никогаш не се насмевна;
Повикај го, и тој ќе дојдеше; не кисело
Во дух, туку кротко и помирено:
Трпелив беше, како никој друг;
Често на некоја тајна работа размислуваше.

Вистинскиот кит според кој „Моби Дик“ го добил своето име

Иако романот „Моби Дик“ не добил многу внимание додека Херман Мелвил бил жив, сосема е обратна ситуацијата со името на белиот кит кој бил инспирација за името на романот и на китот од романот. Во тоа време (околу 1851 годин), многумина знаеле и чуле за Мока Дик, иако денес тој е речиси целосно заборавен.

Мока Дик, именуван по островот Мока во Чиле, во околината каде првпат е забележан, бил „еден од најголемите, најмоќни бели китови во 19 век“, барем според блогот „Хроникл Букс“. Дејвен Хиски од „Today I Found Out”, вели дека овој кит наводно уништил повеќе од 20 бродови за ловење китови и избегал од барем 80 бродови. Овој огромен хит станал познат по тоа што успевал успешно да им бега на бродовите во период од 28 години, пред да биде убиен во драматичен судар кој бил објавен од писателот Џеремаја Н. Рејнолд во списанието „The Knickerbocker“ од 1839 година.

Приказната била насловена „Моша Дик: или Белиот кит од Пацификот“ и се работела за нарација во прво лице за грозоморната смрт на китот, раскажана од првиот морнар на бродот, проследена со краток епилог на Рејнолд, во кое се слави „романсата на животот на китоловецот“ и маките на китот, кој добил „не помалку од 20 харпуни во неговиот грб“, „зарѓани потсетници за очајна средба“.

Еден од читателите на книжевното списание токму тој месец кога била објавена приказната бил Херман Мелвил, кој во тоа време бил писател со скромен успех. Малку е познато за тоа како Мелвил го преобразил името Моша Дик во Моби Дик за потребите за романот. Во романот, тој пишува дека други китови добиле имиња како „Том“ или „Џек“ заедно со името на местото каде биле забележани, како „Тимор Џек“ или „Моша Дик“. Но, „Моби“ не е место.

Сепак, една возбудлива приказна за „Моша Дик“, на која ќе додадете и вистински авантури на море (Мелвил пловел на отворено море во период од 3 години, почнувајќи од јануари 1841 година) и почнува да станува јасно од каде дошло името, како и книгата.

Извор 1.

Извор 2.

Leave a comment