Македонска поезија: „Во овој свет“ од Јосип Коцев!

Денес на блогот читаме прекрасна македонска поезија. Изборот падна на стиховите на Јосип Коцев и лично моја омилена од него.

Во овој свет – Јосип Коцев

Во овој свет на гратис гушкања,
промоции и 2+1 летувања,
купони, тикети и бинго добивки,
под ова небо со попуст на емоциии
беззаби насмевки на дар,
јас најскапо платив.

Во овој свет на
универзални декларации за човекови права,
полумртви сништа со
прострелни рани од улиците на Мемфис,
под овој свод на милион слободи,
јас најдолго робував.

Во овој свет со срца од марципан и чоколада,
чувства развеани ко знамиња на парада,
ликови од чија убавина можеш да ја
прецрташ скицата на рајот,
под ова небо со шуплива совршеност,
јас најмалку љубев.

Извор на сликата: We Heart It

Leave a comment