Џ. К. Роулинг ја најави својата нова божиќна книга за деца!

Читателите и обожавателите на Џ.К. Роулинг сигурно ќе се израдуваат што писателката напишала и ќе објави нова книга за деца. Книгата е со наслов „Божиќно прасе“ и ќе биде објавена наесен. Книгата најпрво ќе биде објавена на 12 октомври 2021 година во корици со тврд повез и како е-книга, а подоцна и во другите формати.

(извор: Times of Malta)

Се работи за посебна книга и не е поврзана со претходните дела на Роулинг. Книгата се смета за погодна за деца од осум години па нагоре.

Во синопсисот е наведено следното: „Џек ја сака неговата детска играчка, Дур прасето. ДП секогаш било тука за него, и во добро и во лошо. Но, на една Бадникова вечер, се случува нешто ужасно – ДП исчезнува. Но, Бадниковата вечер е вечер за чуда и изгубени случаи, ноќ кога сите работи можат да оживеат – дури и играчките. А, најновата играчка на Џек, Божиќното прасе (неподносливата замена за ДП) има храбар план: заедно да започнат магично патување за да пронајдат нешто изгубено и да го пронајдат најдобриот пријател на Џек.

Извор.

Leave a comment