Лидија Димковска е позната македонска поетеса и писателка, која веќе подолго време е на книжевната сцена. Публиката најмногу можеби ја препознава по делата „Скриена камера“, „Резервен живот“ и „Црно на бело“ кои особено добија внимание последниве години. Нејзините дела се закитени и со награди, а „Резервен живот“ ја доби и наградата за литература на Европската унија.

Доколку сте ги читале нејзините дела, денес со почеток од 19 часот ќе има средба со Лидија Димковска на „Тераса ТРИ“ во Дебар маало.
Како што наведуваат ТРИ во нивната објава на Фејсбук:
Секоја приказна и секој стих на Лидија Димковска се микросвет сам по себе, во себе кријат цел еден универзум. Во кој и да стапнете, невозможно е да се изгубите. Може само да копнеете по уште. Да го скротиме коп(нежното) чувство со гласот на фасцинантната раскажувачка и поетеса Лидија Димковска. Ве очекуваме во среда, во 19 часот, на „Тераса ТРИ“, на средба со современата македонска поезија и проза, со раскошната убавина на пишувањето, читањето и постоењето, во и надвор од книгите!
