Кои книги ги препорачува Обама за ова лето?

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, е голем љубител на книги и уште додека беше претседател, тој наоѓаше време за читање и ги споделуваше своите препораки. Пред некој ден, на своите профили на социјалните мрежи тој ги сподели своите препораки за ова лето. Објавувајќи ги своите препораки, тој напиша:

„Без оглед на тоа дали сте на плажа или склопчени на каучот на дождлив ден, нема ништо како чувството да седнете со одлична книга во лето. Додека бевме во Белата куќа, јас почнав да ги споделувам моите омилени книги за летото и низ текот на годините, тоа стана една мала традиција која со нетрпение чекам да ја споделам со вас. Па без одложување, еве неколку книги кои ги прочитав неодамна. Се надевам дека ќе уживате во нив исто колку и јас.“

(Извор на сликата: RYAN PFLUGER / AUGUST)

Подолу погледнете кои се неговите препораки, а нешто можеби ќе ви фати око и вам. Јас на насловите додадов и линкови до книгите на „Гудридс“, па можете повеќе да дознаете за нив на линковите.

Ноќе, сета крв е црна“ – Дејвид Диоп

Земјата на големи бројки“ – Те-Пинг Чен

Империја на болката“ – Патрик Раден Киф

Проектот Аве Марија“ – Енди Вир

Кога престануваме да го разбираме светот“ – Бенџамин Лабату

Под белото небо: Природата на иднината“ – Елизабет Колберт

Работите кои ги изгубивме во водата“ – Ерик Нгујен

Остави го светот зад себе“ – Румаан Алам

Клара и сонцето“ – Казуо Ишигуро

Благоста на водата“ – Нејтан Харис

„Интимности“ – Кејти Китамура

Подолу погледнете ја и оригиналната објава на Барак Обама.

Leave a comment