Денес е петок, денот кој долго го очекувавме! Најубав начин да се прослави почетокот на викендот е со прекрасна македонска поезија!
Прогонети од рајот – Матеја Матевски
I
Се затвори зад нас портата.
Како светкавица светна пред нас патот
на дните идни
и згасна.
Сега сме голи и сами
пред оваа пустелија на мракот и каде
Треба да измислиме распаќе на кое да се распнат
нашите погледи
пред да појдат на патот што го нема.
He свртувај се назад.
Висока е таа ограда што ја проколнавме со сво-
јата непокорност
висока е до небо и преку нашите очи
И не можеме повеќе да го видиме она убаво дрво
со плодови
на кое го распнавме бога и се откажавме од него
Сега одиме голи и пусти низ мракот што ќе треба
да го оплодиме со зрна што не се невратка и студ
во пазувите без пазуви.
Го барав виновникот за таа светлина од радост
радознала
што ме ослепи слеп при очи и глуп при многу
мозок
Ти си Таа Твоето тело со очи од божило
што зрачеа над
оние шарени гранки што не се забораваат
и по кој се јазев високо и високо по едно
далечно сонце
за да лазам сега така грд и гол
И што ми даде
Дури и од оној што ме створи се откажав и
фрлив со камен
по неговата добрина
заради непокорноста со која ме исполнија
твоите очи
виновници на непокорната убавина за која
страдам.
Се затвори вратата.
И светна пред нас патот на дните идни
и згасна.
Сега останавме без него сами и пусти во мракот
Ќе измислиш ли ќе измислиме ли распаќе
по кое ќе тргнеме сега ти виновнице на мојата
невиност
на која ù дадов сè за да ме врзеш со зборот
за вечни времиња.
II
Ти беше убав и сит и извишен но сам
како ластарот што нема по што да се изјази
кон сонцето
и јас без оној зрак од светлина по кој се
крена твојот поглед над очите и сонот
И што сум виновна што те откажав од тој
што те создаде
творцу на мојата осаменост грда на убавото тело
кога станав ѕид по кој се изјази за да видши
преку неговите рамена
во виножитото на дните идни што светна за час
и згасна.
Ти загриза во таа убава непокора за која си
доволно храбар па се каеш
што го изиевери тој што те насити и осамоти
Сега веќе не си сам ластар си лози сме две
во костец
една со друга со времето
се храниме со крвта што си ја цицаме меѓу себе
И добро ни е што никој рид не ни крева
макар да се изрониме од убавина
Me имаш мене и не жалам Ќе измислиме пат
до смислата на оова постоење
што не знае за бога туку само за љубов
и трнливости.
III
Ce затвори зад нас портата.
Како светкавица светна пред нас патот
на дните идни
и згасна.
Сега сме голи и сами
пред оваа пустелија на мракот и каде
Ќе измислиме ли распаќе на кое да се распнат
нашите погледи
пред да појдат на патот што го нема.
Ο распаќе темно и благословено од љубовта
горка и неоткажна
Нејзиното топло oко и во ноќта зрачи и ги создава
страните на виделото
по кое треба да се појде
Толку е тешко и стравливо и заморно ова гра-
дење на патишта
низ ништото од ништо
Но ги изградивме сепак и станавме првите
фиданки што ги населија
И кој да ги разруши постои едно топло око пак
што ќе нè научи што ќе нè научи да ги градиме.
Сами.
Рамноденица (1963),

(извор на сликата: pinterest)
