Труман Капоти е најпознат по неговите дела „Појадок кај Тифани“ и „Ладнокрвно убиство“ и е дефинитивно една од највпечатливите ликови во американската книжевност. Неговиот живот бил исполнет со подеми и падови, а неговиот лик и дело дополнително ќе бидат истражени во новиот документарец „The Capote Tapes“.
Ебс Бурноу го режираше документарецот и користел досега невидени снимени интервјуа со блиски пријатели и соработници на Капоти, како Лорен Бекол, Норман Мајлер, Андре Леон Тали, Слим Кит и Гор Видал, за да создаде портрет на овој влијателен писател.
Документарецот најпрво имаше премиера во 2019 година на филмскиот фестивал во Торонто и тогаш доби одлични критики, но сè уште не е достапен за поширока публика. На 10 септември, документарецот ќе почне да се прикажува во кината во САД, а се надеваме дека наскоро ќе биде достапен и на различните платформи за гледање филмови и документарци, бидејќи навистина е интересно да се добие нов и свеж поглед во животот на овој креативен и мошне оригинален ум!
Инаку, ова не е првпат дел од животот на Капоти да биде прикажан на големото платно. Во 2005 година излезе мошне успешниот долгометражен игран филм „Капоти“, со Филип Сејмор Хофман во главната улога, кој за оваа улога доби и Оскар за најдобар актер. Конкретно, овој филм се занимава со периодот кога тој ја пишувал книгата „Ладнокрвно убиство“ и ја истражувал приказната.
Во продолжение погледнете го трејлерот:

