Патувањето и читањето книги се едни од најпрекрасните активности на светот, и од двете човек може да научи нешто и да излезе од тесното секојдневие кое го опкружува. А кога тие две работи ќе се спојат, тогаш тоа е вистински празник за душата. Португалија е едно прекрасно место за секој човек што сака книги. Без оглед на тоа во кој град и да отидете, секаде ќе налетате на прекрасни книжарници со богата историја, но и малечки штандови со прекрасен избор. Во минатото пишував за книжарницата „Лело“ во Порто, која можеби е и најпопуларната книжарница во Португалија и која дефинитивно треба да ја посетите доколку имате можност, но денес имате можност да ѕирнете во еден многу интересен хотел по име „Книжевниот човек“.
Како што наведува порталот Хафингтон пост, хотелот „Книжевниот човек“ е сместен во малечкиот град Обидос во Португалија. Овој хотел е дом на повеќе од 50.000 книги, а дел од нив се и на продажба, односно гостите можат да си купат некоја од нив. Овој хотел е сосема соодветно сместен во овој град кој има голем број на книжарници и свој сопствен книжевен фестивал.

Во хотелот можете да најдете разновиден избор од стари класици, до нови бестселери, па дури и готвачи. Освен тоа, уште една позитивна работа е што хотелот има и бар и салон за масажа. Собите се многу едноставни, но удобни, а цената за сместување е 90 долари за една вечер. Погледнете ја и нивната официјална страница.
Во продолжение ѕирнете во внатрешноста на хотелот, па ако некогаш поминувате низ Португалија, имајте го на ум!






