Хорхе Луис Борхес имал многу интереси: детективски романи, гаучоси, библиотеки и лавиринти. Две истакнати работи кои го окупирале неговиот ум, тангото и митските чудовишта, се појавуваат во цртежи кои тој ги вметнал во неговите ракописи. За тангото, Борхес се обидувал колку што е можно почесто да ја шири идејата дека сензуалниот аргентински танц потекнува од борделите. Во неговиот цртеж кој можете да го видите подолу, тој најгоре напишал на шпански јазик: „Тангото е борделски танц. За ова немам никаков сомнеж.“

Борхес во неколку наврати го повторил овој став. Во неговата биографија од 1930 година, напишана од Еваристо Кареиего, тој пишува: „моите доушници се сложуваат околу еден есенцијален факт: тангото потекнува од борделите.“
Не е точно познато зошто оваа историја толку го интересирала Борхес, но тој еднаш во 1965 година соработувал со аргентинскиот композитор Астор Пјацола на еден музички албум со танго песни. Овој цртеж се наоѓа во специјалната збирка на Универзитетот во Нотр Дам (тука можете да го прочитате останатиот дел од текстот на шпански јазик).
Вториот цртеж, кој можете да го видите подолу, е дел од екстензивната збирка на дела од Борхес на Универзитетот во Вирџинија. Цртежот се појавува во еден ракопис од 1946 година по име „Старата аргентинска навика“ и е објавен во збирката есеи на Борхес од 1952 година, „Други инквизиции“. Според К. Џаред Ловенстајн, цртежот има германски наслов „Die Hydra der Diktator“ („Хидрата на диктаторот“) и ги прикажува Росас, Перон, Мусолини, Хитлер и Маркс и е потпишан како „Хорхе Луис Борхес ’46“. Ловенстајн вели:
„Тематиката на цртежот е неверојатна политичка изјава од страна на писател кој често се сметал за аполитичен. Исто така е извонредно детален цртеж, особено имајќи предвид дека Борхес во тоа време веќе забрзано го губел видот. Овој неверојатен цртеж е надополнет со изјавата на Борхес во неговиот текст дека Аргентинците се гледаат себеси како поединци, а не како граѓани на одредена нација.“

