Утре започнува Саем на книга!

Драги љубители на книги, од утре започнува еден од најубавите книжевни настани во Македонија, Саемот на книга и тоа под мотото „Читањето може да е опасно… добро!“ Како што веќе можеби знаете, Саемот на книга ќе се одржи од 8. до 14. септември на отворено – А1 Арена СЦ Борис Трајковски. Работното време на саемот е од 10 до 21 часот, а на 14. септември од 10 до 17 часот.

Според најавите, љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата, за Саeмот на книга 2021 ќе бидат обезбедени сите мерки за заштита: носење маска, држење дистанца од 2 метри и дезинфекција, со тоа што при влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан КОВИД-19 за сите лица над 18 години. Како и претходната година, така и оваа, Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор.

Билетите ќе може да се набават онлајн, но и на билетарите пред влезот на саемот.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

Во продолжение, со кликнување на линковите можете да ги погледнете и саемските каталози на дел од издавачките кои ќе имаат свои штандови на Саем на книга, барем оние кои јас успеав да ги најдам.

Издавачки центар ТРИ и ПАБЛИШЕР
Издавачка куќа ТЕМПЛУМ
Книжевен центар АНТОЛОГ
Издавачка куќа БЕГЕМОТ
Издавачка куќа ПОЛИЦА
Издавачка куќа ИЛИ – ИЛИ
Издавачка куќа САКАМ КНИГИ
Издавачка КУЛТУРА
Издавачка куќа АРТКОНТЕКТ
Издавачка куќа ЧУДНА ШУМА
Издавачка куќа МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА
Издавачка куќа МУЗА (Се работи за пакети, не за класичен каталог)
Издавачка куќа АРС ЛАМИНА (возрасни)
Издавачка куќа АРС ЛАМИНА (деца)

Покрај тоа, доколку ве интересира, подолу погледнете и кои издавачки куќи ќе бидат присутни со свој штанд!

За повеќе информации, следете ја и официјалната страница на Фејсбук.

Се гледаме на Саем!

Leave a comment