Честит 8. Септември – Денот на независноста на Македонија! Овие 30 години не беа лесни, напротив беа трновити и исполнети со падови и подеми, но вековниот сон да имаме своја држава се оствари! Нека е за многу години! Во таа чест, денес на блогот ги читаме моќните стихови на Анте Поповски!
Кон Македонија – Анте Поповски
Постара си од гороцветот и ножот
— И тоа е сè.
Во една твоја црква
Откопан е зборот востание.
Еве го и најдревниот глужд
Со твоето име.
Заградена си од време
И свртена кон едно друго време.
Те молам,
Благословиме за покорник
На твојата религија на недојденото.
О разум на маж и здравје на топла земја
Дојдов да лутам ноќ и ден, крај в краја и никој нигде ништо.
Се опаметувам, но, што? Јас веќе залутав
И касно е и за најмало покајување.
Дојдов со едно тело — со рани за две се враќам
На моето чело најцрната клетва е изречена
Не проколнувај го душманот и името да ти го носи
— И под девет бездни татковината ќе ти ја изнајде.
А со разум на маж и здравје на топла земја
Дојдов на врела крв моите соништа да врзат
И спокојно се обидувам да си го прочитам името
На камен од своите гради.
Македонија што ќе ми го запише…

