Роден како Чарлс Лутвиџ Доџсон, писателот кој ќе стане познат како Луис Карол, бил ренесансен човек од викторијанската ера. Тој бил остварен математичар, поет, сатирист, филозоф, пронаоѓач и фотограф во најраните денови на оваа уметничка форма. Сепак, повеќето од нас највеќе го знаат како детски писател поради Алиса и нејзините авантури во бесмисленоста на Земјата на чудата.

Ако не сте знаеле многу за него, овие факти на „Ментал флос“ ќе го прошират вашето разбирање за овој уникатен книжевен глас.
Тој пронашол начин да пишува во темница
Како и многу писатели, така и тој се нервирал што губи одлични идеи кои баш незгодно му доаѓале среде ноќ, па во 1891 година го измислил никтографот. Оваа направа е картичка со 16 квадратни дупки (два реда по осум) која нуди водич за корисникот како да внесе краткорачен код од точки и цртички. Тој исто така сметал дека направата е корисна и за слепи луѓе.
Тој пелтечел во поголемиот дел од животот
Доџсон имал тешко детство. Нарекувајќи го „колебање“, тој уште од рана возраст почнал да пелтечи и тоа останало со него и за време на неговиот возрасен живот и на крај станало дел од неговата лична митологија, вклучувајќи го непоткрепеното тврдење дека тој пелтечел само пред возрасни луѓе, но со деца зборувал нормално. Треска од детството му предизвикала глувост на едното уво, а една тешка кашлица што ја закачил кога имал 17 години доживотно ги ослабела неговите гради. Подоцна во животот развил ужасни, халуцинирачки мигрени што докторите во тоа време го дијагностицирале како епилепсија.
Тој бил Додо во „Алиса во Земјата на чудата“
Тој го развил оригиналниот концепт за „Алиса во Земјата на чудата“ на едно од неговите патувања со брод со семејството Лидел – децата на неговиот шеф Хенри Лидел, деканот на Христовата црква во Оксфорд и тој го обележал 4 јули 1862 година, настан во самата книга како „Каукус трка“. Алиса е Алиса Лидел, Лори е Лорина Лидел, Иглет е Едит Лидел, патката бил колегата Пречесниот Робинсон Дакворт, а Додо бил самиот тој. Една популарна легенда вели дека тој ја искористил птицата како своја карикатура, бидејќи неговото пелтечење понекогаш правело да се претставува како „До-До-Доџсон“, иако нема докази да го поткрепат ова тврдење.
Доџсон ја напишал неговата инспирација за Алиса во последното поглавје на „Низ огледалото“. Во текот на животот негирал дека Алиса е заснована на вистинска личност, но „Бродот над сончевото небо“, поемата на крајот од книгата, е акростих кој го дава името Алис Плезанс Лидел.

(Извор: The Print Collector via snopes.com)
Напишал 11 математички книги
Тој бил мајстор за логика, а неговото творештво во областа на линеарна алгебра, геометрија и создавање сложувалки е навистина забележително. Тој напишал 11 книги, почнувајќи од „Елементарен договор за детерминанти, со нивна апликација во симултани линеарни равенки и алгебриски равенки“ до „Игра на логиката“ и „Теорија на Комитетите и изборите“. Неговите интереси и експертизи варирале. Тој исто така го напишал првиот печатен доказ на теоремата Кронекер-Капели и концептуален систем за подобро владино претставување.
Има теорија дека приказните за Алиса се сатира на не-еуклидовска математика
Како и со неколку други елементи од неговиот живот, тој бил конзервативен математичар, живеел и работел во време кога областа драматично се менувала. Во 2010 година, во напис за „Њујорк Тајмс“, Мелани Бајли изложила аргументирано тврдење дека авантурите на Алиса биле пародија на почетната, концептуална математика со измислени броеви и кватерниуми, што Доџсон ги исмејувал. Чеширската мачката можно е да претставува растечка апстракција на полето, а целокупната апсурдност на Земјата на чудата може да има за цел да одговара на „апсурдот“ што конвенционалниот Доџсон го видел во неговата дисциплина.
Еден апсурден човек мислел дека Доџсон е Џек Мевосек
Листата на луѓе за кои имало сомежи дека се Џек Мевосек е долга, и од некоја причина, на неа се наоѓа и Карол. Мевосек и Доџсон биле современици. Убиствата се случиле во 1888 година, кога тој бил во неговите средни 50-ти. Авторот Ричард Валас изнел теорија дека Доџсон, после строгото религиозно воспитување и потенцијалното силеџиство кое го трпел во неговите несреќни школски години, пораснал и станал сериски убиец по неговите успешни кариери во образованието и пишувањето. Основата на теоријата потекнува од тоа што Валас го сместува пишувањето на Доџсон во категорија „исповеди“. Иако Доџсон ставал кодови и траги во своите дела, нафрлање случајно избрани пасуси во синтактичко чудни изјави за убиство е преголемо претерување.
Тој бил остварен фотограф
Почнувајќи од средината на 20-тите години и во текот на повеќе од две децении, Доџсон создал над 3000 фотографии, вклучувајќи портрети на пријатели и значајни фигури (како Алфред, Лорд Тенисон), пејзажи и фотографии од скелети, кукли, статуи, слики и повеќе. Според „Луис Керол: Биографија“, биографија на Мортон Н. Коен за уметникот, Доџсон имал свое ателје и во 1850-тите, во еден краток период, размислувал да заработува за живот како фотограф.
Тој бил доживотен ерген, што предизвикало шпекулации за неговите романтични интереси
Фотографството на Доџсон исто така било во центарот на современото преиспитување на сексуалноста на Доџсон. Авторот цел живот бил ерген, а половина од неговите преживеани фотографски дела се прикази на млади девојки, вклучително и Алис Лидел, како и неколку негативи каде девојките се голи. Најпознат од нив е портретот на ќерката на еден колега од Оксфорд, Беатрис Хач. Не се знае многу многу за личните односи на Доџсон, што довело до шпекулации – особено од Коен – дека тој имал романтични чувства кон 11-годишната Алис, но авторката Каролин Лич сугерира дека преформулирањето на Доџсон како педофил е мит кој се должи на непознавањето на викторијанскиот морал и тогашната популарност на голите деца во уметноста во комбинација на тоа што семејството на Доџсон криело и уништувало информации за односите на писателот со возрасни жени.
Тој станал ѓакон, но не и свештеник
Голем дел од животот на Доџсон е мета на шпекулации, вклучувајќи го и неговото одбивање да стане свештеник, спротивно на правилата на Христовата црква за време на неговиот престој таму. Бил прогласен за ѓакон на 22 декември 1861 година, но морал да го моли деканот Лидел за да не стане свештеник. Уште еднаш, се чини дека неговото пелтечење е едно можно објаснување за фактот дека го одбил свештенството, но нема докази дека тоа можеби тоа би ја попречувало неговата способност да проповеда. Други можни причини вклучуваат љубов кон театарот (а бискупот од Оксфорд зборувал против тоа), слаб интерес за Англиканската црква и зголемен интерес за алтернативни религии.
