Речиси е време да се збогуваме со летото и да се подготвиме да ја дочекаме есента, а има ли подобар начин од тоа да читаме македонски стихови на таа тематика? Денес ги читаме прекрасните стихови на Влада Урошевиќ и неговата песна „Крајот на летото“.
Крајот на летото – Влада Урошевиќ
Затвори го ова лето во кутија од слама
во кула од песок во преграб од ветар
во чашка од мак
затвори го лесно
затвори го така за да може пак
да се јави некогаш кога си сам некогаш зиме
да се јави како мирис како заборавено име
како лековит знак
(„Лавиринт“, Темплум: Скопје, 2019)

Извор: We heart it.
