Романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“ на Ентони Дор, кој во 2015 година ја доби Пулицеровата награда за белетристика официјално ќе биде екранизиран во вид на серија! Познатата платформа за гледање серии и филмови, „Нетфликс“, објави дека се работи на развивање на серијата.

(Извор на сликата: Book Club Chat)
„Hollywood Reporter“ неодамна ја објави оваа вест, иако сè уште не се знаат многу детали, освен тоа дека Шон Леви ќе биде режисер и извршен процудент на драмата од четири епизоди, а Стивен Најт ќе биде задолжен да ја прилагоди книгата, односно да ја претвори книгата во сценарио. Моментално екипата е во потрага по актерската екипа и истовремено ги поттикнуваат актерките кои се слепи или со оштетен вид да се пријават за улогата на Мари-Лер.
Доколку ја немате прочитано книгата, приказната се одвива за време на Втората светска војна, во окупираната Франција. Главни ликови во приказната чии патишта сосема случајно се вкрстуваат се Мари-Лор и Вернер. Мари-Лор е слепа, па навигира низ Париз благодарение на моделот на нејзиниот татко, а Вернер е млад човек кој поради неговите таленти завршува во Хитлеровата младина, а потоа војната го носи во окупираната Франција. Се работи за една неверојатна книга, за која и претходно имам пишувано на блогот, и која искрено ви ја препорачувам!
