Од 13 до 15 октомври ќе се одржи „Студентски саем на книгата“!

НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје објави дека од 13 до 15 октомври ќе oрганизира „Студентски саем на книгата“. Саемот ќе се одржува во холот на НУБ, во временскиот период од 10 до 17 часот.

Како што најавија на официјалната страница на Фејсбук, на саемот ќе имате можност да набавите учебници, прирачници и друга стручна литература по саемски цени. Понатаму, специјални цени ќе има и на книгите од книжевните класици, како и современи белетристички дела од светски и домашни автори.

НУБ „Св. Климент Охридски“, како организатор, најави дека ако купите две книги, ќе ви подари уште една книга по ваш избор. За време на Саемот, Библиотеката ќе зачленува нови корисници по минимални цени!

Одлична можност за студентите и љубителите на книжевност.

Имајте предвид дека сите мерки за заштита од КОВИД-19 ќе бидат на сила, онака како што се предвидени со одлука на Владата.

За повеќе информации, кликнете тука.

Leave a comment