„Тажниот гостин“ од Матијас Наврат, ново издание од едицијата „Читаме заедно“ на ТРИ!

Во книжарниците на ТРИ пристигна ново издание од едицијата „Читаме заедно“, проект поддржан од програмата „Креативна Европа“ чија едногласна идеја за квалитетна литература се шири меѓу читателите.

Како што велат од ТРИ, со „Тажниот гостин “ од Матијас Наврат, во превод на Слободанка Поповска, нашата книжевна сцена се збогатува со уште еден роман од разноликиот европски книжевен корпус.

Трагајќи по смислата и одговорите за суштината на животот и смртта, главниот јунак се бара себеси во непознат простор и полека, дел по дел, ја ослободува својата приказна. Се отвораат прашањата дали можеби во целата празнотија и самотија човек може да заборави на болката или сепак треба да научи да живее со неа, зашто таа е дел од животот на секој човек, исто како што се среќата и љубовта, тагата и меланхолијата, целокупното постоење.

Матијас Наврат е германски романсиер кој во 2012 година се наметна на европската книжевна сцена, а во 2020 година ја доби Европската награда за литература и тоа токму за „Тажниот гостин“, меланхолична книга за современиот Берлин, која му овозможува на читателот да се претопи во неговото минато и да почувствува што е она што останало во сегашноста.

Leave a comment