Пет кратки и интересни факти за Вилијам Шекспир!

Вилијам Шекспир е еден од највлијателните драматурзи и писатели на сите времиња. Многу работи се пишувале за него, дури и и на блогот, но денес ви претставуваме неколку куси и интересни факти за неговиот живот.

Неговата сопруга се викала Ен Хетавеј

Тие се венчале во 1582 година, кога таа имала 26 години, а тој само 18. Имало озборувања дека се венчале затоа што таа била бремена и дека Шекспир во тоа време се плеткал со друга жена. Хетавеј пораснала во Шотери, Англија, соседен град на градот на Шекспир и нејзиното семејство било семејство на фармери. По раѓањето на нивната прва ќерка Сузана, во 1583 година, таа подоцна родила близнаци Хамет и Џудит во 1585 година. И ако името ви е познато, да, тоа е името и на познатата американска актерка со истото име, која го добила името токму поради тоа што нејзините родители биле обожаватели на Шекспир!

Има теорија на заговор која тврди дека тој не ги напишал неговите дела

За ова веќе беше спомнато во претходен текст на блогот, но како дополнување, оваа теорија на заговор произлегува од фактот што нема многу докази дека Шекспир имал некаков вид на формално образование и многумина се чуделе како човек може да биде способност за таква генијалност, па оттаму ја започнале теоријата дека „Шекспир“ е само псевдоним зад кој се кријат повеќе различни автори (меѓу луѓето вклучени на таа листа се и ривалот на Шекспир, Кристофер Марлоу и сер Франсис Бејкон). Сепак, поголемиот дел историчари целосно ја отфрлаат оваа теорија. Тие сметаат дека не постои ниту еден доказ дека имало други писатели зад неговото име и дека неговото творештво е премногу конзистентно за да има други автори зад него.

Тој измислил многу зборови и фрази кои и денес се употребуваат во англискиот јазик

Тој бил неверојатно добар со зборови и многу влијателен во тој поглед. Шекспир е познат по измислување и популаризирање на многу зборови и фрази кои денес се употребуваат во англискиот јазик како „Vanish into thin air“, „All of a sudden“ и многу, многу други.

Тој глумел во своите престави

Шекспир бил член на „Мажите на Лорд Чемберлејн“, компанија за глумење, за која Шекспир пишувал. Ричард Бурбаџ се викал актерот кој играл речиси во сите главни улоги на Шекспир, вклучувајќи ги и „Макбет“, „Отело“, „Хамлет“ и „Кралот Лир“. Сепак, Шекспир бил повеќе од писател, тој бил мулти-талентиран човек кој се занимавал и со глумење. Историчарите и академиците претпоставуваат дека тој ги толкувал улогите на Кралот Данкан во „Макбет“, Адам во „Како што милувате“ и најпозната улога од сите, Духот на таткото на Хамлет во „Хамлет“.

Неговиот син починал од „црната чума“

Единствениот син на Шекспир, Хамет, трагично починал во 1596 година кога имал само 11 години, кусо откако се заразил со бубонската чума или народно позната како „црната чума“. Во овој период во Англија било многу често родителите да ги губат своите деца на рана возраст. Има многу шпекулции околу тоа дека смртта на неговиот син значително влијаела на создавањето на легендарната претстава „Хамлет“ од 1609 година, која се фокусира на маж кој се справува со смртта на неговиот татко.

Извор.

Leave a comment