Кога познатиот рапер Тупак Шакур бил немирен како дете, неговата мајка Афени го казнувала такашто го терала да го чита весникот „Њујорк Тајмс“. Повеќе од две децении по неговата смрт, раперот е познат по неговите поетски и општествено свесни стихови, како и неговата контроверзност. Човек полн со контрадикторности, Шакур пишуваше за многу важни теми и со текот на времето стана глобален културолошки феномен.

Во листата составена од неговиоте омилени книги, објавена на Black Faves, можеме да ѕирнеме во умот на човекот чии прогресивни и интелектуално богати стихови направија револуција во хип-хопот и го направија еден од највлијателните рапери на сите времиња. Во продолжение погледнете ја листата од 11 книги кои го инспирирале легендарниот Тупак.
„Исповедите на Нет Тарнер“ – Вилијам Стајнер
„Автобиографијата на Малколм X“ – Малколм X
„Поткупувањето на претседателот“ – Чарлс Луис
„Казнет“ – Кристофер Дарден
„Како да се расправаш и да победуваш секојпат: Дома, на работа, на суд, секаде, секој ден“ – Џери Спенс
„Корените: Сагата на американско семејство“ – Алекс Хејли
„Асата: Автобиографија“ – Асата Шакур
„Размислете за ова: Компилација“ – Алис А. Бејли
„Феноменот на човекот“ – Пјер Тејлхард де Шардин
„Размислувања и медитации“ – Калил Џибран
„Тибетската книга на мртвите“
