„Беше ведар и студен априлски ден; часовниците покажуваа тринаесет часот.“
Ова е првата и воведната реченица во еден од најпознатите дистописки романи на сите времиња: „1984“ од Џорџ Орвел. Романот на Орвел и по децении од неговото издавање предизвикува восхит кај секој читател и со секое препрочитување станува уште подобар. Овој роман е испирација за филмови, серии, други романи и дела, а Дејвид Боуви едно време сонувал да направи и мјузикл (иако на крај не успеал, повеќе можете да прочитате тука).

Доколку и вие сте љубители на овој роман, денес на блогот можете да најдете линкови до аудио-верзија на книгата, односно едно читање на романот од 1975 година кое било емитувано на радиото „Пацифика радио нетворк“. Познатиот радио водител од тоа време, Чарлс Морган е оној кој го чита делото.
Како што наведува порталот Open Culture, овој формат кој можете да го чуете не може да се смета ниту како радио-драма, ниту пак како аудио-книга, бидејќи користи звучни ефекти, но и гласовна глума за да ја раскаже приказната на Винстон Смит и неговите внатрешни и надворешни борби.
Подолу можете да слушнете како тоа звучи, а клиповите од Soundcloud се поделени во неколку делови.
