Прочитајте ги советите кои Гистав Флобер му ги дал на Ги де Мопасан!

Во 1878 година, Ги де Мопасан, кој сè уште немал наполнето 28 години, му напишал писмо на неговиот ментор Гистав Флобер (а според некои озборувања и негов таен татко), во кое се жалел на многу работи. Имено, тој му напишал дека „е****то жени е монотоно како и слушањето на машката остроумност. Според мене, вестите во весниците секогаш се исти, пороците се тривијални и нема доволно различни начини за составување реченица.“

Како што писателот Џилијан Барнс напишал во London Review of Book, Флобер не бил импресиониран од овој став и му одговорил на писмото во кое му дал неколку совети:

„Се жалиш дека сексот е „монотон“. Има едноставно решение за тоа: престани да го правиш тоа и направи пауза. „Вестите во весниците се секогаш исти?“ Тоа е поплака на реалист, а покрај тоа, што знаеш ти за тоа? Треба повнимателно да ги гледаш работите… „Пороците се тривијални?“ Но, сè е тривијално. „Нема доволно различни начини за составување реченица?“ Побарај и ќе најдеш… Мораш да го сториш тоа… Ме слушаш ли млад пријателе? Мораш да работиш понапорно. Имам сомнеж дека си малку мрзлив. Премногу курви! Премногу веслање! Премногу вежбање! На цивилизираниот човек му е потребно многу помалку движење отколку што тврдат докторите. Ти си роден за да бидеш поет – биди поет! Сè останато е бесмислено, почнувајќи од твоите задоволства и твоето здравје – стави си го тоа во твојата глава! Покрај тоа, твоето здравје ќе биде многу подобро ако го следиш својот повик… Она што ти недостасува се „принципи“. Нема начин како да се прејде преку тоа – тоа е она што мораш да го имаш, само финтата е да ги најдеш своите. За уметникот има само еден: Сè мора да се жртвува за Уметноста… Да заклучам, мој драг Ги, мораш да се чуваш од меланхолијата – таа е порок.“

Извор.

Leave a comment