Три анимирани видеа инспирирани од поемите на Буковски!

Денес е петок, а петок е многу убав ден за читање и споделување поезија, дури и ако доаѓа во аудиовизуелна формат. Чарлс Буковски е еден од најпознатите американски писатели и поети чии мисли и стихови се релевантни и денес и уживаат голема популарност. На блогот веќе имаше објавено едно анимирано видео создадено од Моника Умба за неговата песна „Сината птица“, кое можете да го погледнете тука.

(извор: Dangerous Minds)

А денес, можете да погледнете уште три прекрасни видеа.

Првото видео е анимацијата на Џонатан Хоџсон за песната „Човекот со убавите очи“, која има шарени и силни слики кои ја опишуваат поемата на Буковски која во голем дел е инспирирана од неговите детски спомени за еден мистериозен, див млад човек во трошна куќа, чие постоење го потсетувало дека „никој не сакаше некој да биде силен и убав на тој начин, другите никогаш не би го дозволиле тоа“.

Погледнете го видеото подолу.

Второто видео се однесува на видеото на Брадли Бел, негова интерпретација на поемата „Срцето што се смее“. Во ова кратко видео, стиховите на Буковски доаѓаат од устата на познатиот музичар Том Вејтс.

Погледнете го видеото.

И третото видео е за поемата „Фрли ја коцката“ создадено од Гиљерме Морети Чериато.

Извор.

Leave a comment