Секој љубител на книгите се радува на секоја можност да ја збогати домашната библиотека, особено за време на различните акции и попусти на книжарниците и издавачките куќи. Периодов има одлични понуди и акции во „Литература.мк“ за време на второто издание на „Денови на литературата“, кое ќе трае до 20 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.

Една од најинтересните понуди дефинитивно е акцијата со која за секоја сметка над 3.000 денари ќе следува подарок – сет со седум книги од Габриел Гарсија Маркес. Станува збор за книгите: „Љубов во време на колера“, „На полковникот нема кој да му пишува“, „Хроника на една најавена смрт“, „Есента на патријархот“, „Морето на изгубеното време и други раскази“, „Генералот во својот лавиринт“ и „Виор од лисје“.
Меѓу останатите понуди, како што се наведува на нивната веб-страница, „читателите ќе добијат подарок книги за купени дела од одредени автори. За една купена книга од Тери Прачет, следува подарок другите три книги. Со која било купена книга од трилогијата „Темната граѓа“ од Филип Пулман (составена од книгите „Поларна светлина“, „Суптилниот нож“ и „Килибарниот дурбин“) се добиваат другите две гратис. Доколку ги набавите двете книги од Колин Хувер: „Безнадежно“ и „Изгубена надеж“, на подарок ќе ги добиете двата нови наслови: „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“. Со кои било два купени романи од Кери Лонсдејл („Сè што чуваме“, „Сè што оставаме“ или „Сè што даваме“) следува третата книга гратис.“

Покрај изданијата на „Арс Ламина“, ќе бидат вклучени книги од други македонски издавачки куќи како: „Академска книга“, „Антолог“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Култура“, „Мартина“, „Нампрес“, „ПНВ Публикации“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“ и „Слово“.
Покрај сето ова, ќе има уште многу други интересни акции и понуди, а останатиот дел од акциите можете да ги прочитате – тука.
.
