Македонска поезија: „Време“ од Анте Поповски!

21 февруари е Меѓународниот ден на мајчиниот јазик! Овој ден е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година. Нема подобар начин да го одбележиме овој ден од тоа да споделуваме македонски стихови од македонски поети. Денешниот избор падна на преубави стихови од Анте Поповски!

ВРЕМЕ – АНТЕ ПОПОВСКИ

Ние што пророкувавме да не биде убаво многу
Туку само толку колку за да оздравиме
– Бевме обични луѓе.

Ноќта и нам ни се криеше меѓу трендафили под прозорец
Земјата ја пишувавме со мала буква
И кубиња стоеја заклучени зад ридоите.

Се молевме кон небото – а гласот ни беше тежок
И паѓаше пак долу на земјата
За да не нè чуе ништо зашто немаше кој да нè чуе.

Беше време во какво никој друг да не се роди, Господи.

Извор на сликата: We heart it

Leave a comment