Читањето класици е одлично за вашето здравје!

Дали сакате да читате класици? Toгаш прочитајте ги овие добри вести, затоа што едно истражување покажа дека редовното читање на класична книжевност може да помогне да ја зголемите моќта на вашиот мозок и да го подобрите вашето задоволство од животот – дури и повеќе од книгите за самопомош.

Истражувањето било спроведено од Универзитетот во Ливерпул, и открило дека читањето класични приказни може да испрати „ракетни засилувачи“ до мозокот и да им помогне на оние што страдаат од депресија, анксиозност, хронична болка и деменција. Време е да ја избришете прашината од класиците на Џејн Остин…

(извор на сликата: WordsRated)

Професорот Филип Дејвис, кој ја водел студијата, рекол дека читањето класични романи ја ослободува нашата имагинација и им дозволува на луѓето да се чувствуваат поживи. Во разговор со „Сандеј Тајмс“ тој рекол: „Ако само скенирате информации, минувате брзо низ нив, тоа е многу лесно, речиси автоматски. Но кога книжевноста ќе почне да прави нешто покомплицирано од тоа, мозокот почнува да работи. Се возбудува, станува емотивен.“

Коментирајќи го истражувањето, Зои Гилинг од добротворната организација „Читателот“ (оригиналното име на англиски јазик е „The Reader“), изјавила: „Кога велиме „одлично“ мислиме на книжевностa што има моќ да допре до различни луѓе и да го осветли она што нè поврзува. Тоа може да помогне во внатрешниот живот, менталното здравје, неволјите на душата и да нè натера да кажеме: „Никогаш не мислев дека и некој друг го чувствува истото што го чувствувам и јас“.“

Не е за изненадување веста дека навлегувањето во добра книга прави чуда за нашето здравје и за нашиот личен развој. Претходно на блогот во често се пишувало за тоа, како на пример овој или овој текст.

Ова е супер поттик уште денес да седнете и да отворите некој добар класик.

Извор.

Leave a comment