„Денот на црвот“ на Симона Јованоска е Роман на годината!

Го имаме годинешниот добитник на наградата „Роман на годината“ која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“! Станува збор за романот „Денот на црвот“ од писателката Симона Јованоска, во издание на „Или-Или“. Ова е 23. пат како се доделува оваа награда, а победникот беше избран од вкупно 39 книги кои беа во конкуренција.

Жири-комисијата годинава беше составена од: Владимир Јанковски, претседател и минатогодишен лауреат (ја доби наградата за „Скриени желби, немирни патувања“), Катица Гароска-Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева како претставничка на фондацијата „Славко Јаневски“.

Останатите финалисти беа: „Деса“ од Ивана Трајаноска („Арс либрис“), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски („Или-Или“) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ („Паблишер“).

Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Честитки!

Извор.

Leave a comment