Средновековни книги во кои свој отпечаток имаат и домашни миленичиња…

Книгите се едно од најуникатните средства на човекот преку кое се чува историјата, кои можат да откријат еден момент во времето кој припаѓал на луѓе кои живееле декади, па дури и векови пред нас. Но, луѓето не се единствените суштества кои ја оставаат својата трага, буквално и метафорички. Денес на блогот прочитајте го овој многу интересен текст на порталот „Ментал флос“, за едни домашни миленичиња кои поради својата палавост оставиле свој печат во едни стари записи.

Специјалистот за среден век, Емир О. Филиповиќ, пронашол отпечатоци од шепи на мачка додека разгледувал стари ракописи во државните архиви во Дубровник, Хрватска, кој бил комуна и важно балканско пристаниште во средниот век. И книгата и отпечатоците датираат од 1445 година.

(Извор на сликата: Emir O. Filipović/theappendix.net)

Филиповиќ изјавил: „Покрај интересните пишани извори, може да се сретнат и малите траги што средновековните луѓе ги оставиле во ракописите чувајќи ги за следните генерации“.

Помеѓу страниците со монотони записи за долгови и поделби на земјиште, тој нашол грст скапоцени камења на маргините како чкртаници, невешт ракопис во записниците од состанок што се одолговлекувал и, се разбира, белегот на една немирна мачка.

Отпечатоците, рекол тој, „го принудуваат историчарот за момент да ги тргне погледите од текстот, да застане и во својот ум одново ја реконструира случката кога мачка, за која се претпоставува дека била сопственост на писарот, прво се нафрлила на садот со мастило, а потоа на книгата, означувајќи ја за следните векови“.

„Речиси можете да го замислите писателот како панично ја брка мачката додека се обидува да ја тргне од своето биро. И покрај неговите неверојатни напори, штетата веќе била направена и не можел да направи ништо друго освен да сврти нов лист и да продолжи со својата работа“.

На тој начин, еден забавен момент во времето останал засекогаш зачуван во стара книга, која навидум требала да биде само еден обичен записник за секојдневни работи од тоа време.

Извор.

Leave a comment