Одлична можност за сите љубители на книги: Утре, во Младински Културен Центар, ќе имате можност да присуствувате на несекојдневна средба со две големи европски имиња, шпанската писателка Ирене Сола (позната на нашата читателска јавност преку книгата „Пеам јас и планината танцува“) и германскиот писател Матијас Наврат („Тажниот гостин“), двајцата добитници на Европската награда за книжевност. Настанот ќе започне во 19 часот.
Промотори на настанот ќе бидат Владимир Јанковски и Наташа Сарџоска. Ова гостување е најубавиот начин да се заокружи проектот кофинансиран од програмата Creative Europe, чиј слоган гласи „Читањето нè сплотува“.
Читајќи се запознаваме со авторите и нивниот пишувачки глас се обединува со нашиот читачки. Сега е време таа средба да се оствари очи в очи. Не постои нешто посилно од тоа – уверете се!
Утре сите патишта водат во МКЦ!

