Омилените книги на Џони Деп!

Џони Деп е еден од најпознатите американски актери, кој често глумел ликови во екранизации на книги, од кои можеби најпознати се неговите улоги во „Вили Вонка и Фабриката за чоколади“, „Алиса во Земјата на чудата“, „Страв и гадење во Лас Вегас“, итн. Тој исто така е познат како страстен читател.

(Извор на сликата: Radical Reads)

Во продолжение прочитајте кои се некои од неговите омилени четива, кои ги споделил со списанието Entertainment Weekly.

„Човековите дела на љубов“ – Џејмс Мик

Што рекол Џони Деп за книгата: „Мрачен еп, ужасно, измамувачко патување поставено среде замрзната тундра на воената Русија. Одлична проза. Откако нејзините валкани канџи ќе ја скршат кожата, тој леден стисок на смртта нема да се повлече во скоро време. Незаборавно. “

„Во рацете на Данте“ – Ник Тоше

Што рекол Џони Деп за книгата: „Модерно ремек-дело. Дефинитивно супериорно во однос на сето она што е објавено во изминатите 50 години. Нема ни да се потрудам да ја објаснам книгава. Само одете и земете ја.“

„Војникот од дивината: Теодор Рузвелт и походот за Америка“ – Даглас Бринкли

Што рекол Џони Деп за книгата: „Фасцинантна, неверојатно добра книга за читање за интензивната љубов на Теодор Рузвелт кон природата и како, за време на неговото претседателство, тој всушност станал еден првите еко-воини.“

Црвенокосиот човек“ – Џ.П. Донливи

Што рекол Џони Деп за книгата: „Авантурите на непоправливот Себастијан Дангерфилд. Непослушен, своеволен и целосно девијантен. Ова лирско, комично чудо ми го претстави Хантер. Секој човек треба да го прочита ова и да помине барем една вечер во својот живот имитирајќи го овој непоколеблив ужас на поединецот! “

Fierce Invalids Home From Hot Climates – Том Робинс

Што рекол Џони Деп за книгата: „Шокантно добро честиво, какво што може да направи само Том Робинс. Само неколку писатели ме натерале да се смеам гласно – Робинс го прави тоа со леснотија“.

„На пат“ и „Big sur“- Џек Керуак

Што рекол Џони Деп за книгата: „Нема ништо што навистина можам да кажам овде што не е кажано претходно, или дури и да додадам нешто што веќе не е додадено. Безбедно да се каже, овие книги ми се исто толку важни како и на многумина луѓе. Две клучни, историски дела кои никогаш нема среќно да почиваат дома на правлива полица“.

„Мајсторот и Маргарита“ – Михаил Булгаков

Што рекол Џони Деп за книгата: „Ова мрачно, апсурдно и субверзивно богатство лежело скриено многу години, дури и по смртта на Булгаков, таков бил стравот од одмазда кон толку остриот, автентичен пробод во животот под тиранската злонамерност на чичко Џо и овенетата советска клима од тоа време.“

„Сезона во пеколот и просветлувања“ од Артур Рембо и „Цвеќиња на злото“ од Шарл Бодлер

Што рекол Џони Деп за книгата: „Можеби најбожествените списи во историјата на пишаниот збор. Во текот на мојот живот, не можев да замислам подоверливи џебни придружници“.

„Румскиот дневник“ и „Страв и гадење во Лас Вегас“ – Хантер С. Томпсон

Што рекол Џони Деп за книгата: „Два од моите лични омилени романи, напишани од мој драг пријател. Првиот, вешт и див роман. Вториот, едноставно епохален. Гениј кој го одредува животот“.

Извор.

Leave a comment