Денес одбележуваме 40 години од смртта на еден од најзначајните македонски поети – Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 — Скопје, 20 април 1982). Стиховите на Ацо Шопов и денес се добро познати и нема човек кој не знае барем еден негов стих или песна, како на пример: „Во тишина“, „Очи“, „Небиднина“ и многу други! Денес го славиме неговото творештво со уште една прекрасна мисла. Вечна му слава!
Кон галебот што кружи над мојата глава – Ацо Шопов
Галебе мој,
не слетувај на моите очи.
Ha тие брегови откинати ниеден пристан нема.
Зарони во сите длабочини,
надлетај над сите височини
и дај виделина да земам!
Галебе мој, јас очи веќе немам.
He слетувај на моето срце!
Галебе мој, срцето не е мое:
мини низ сите предели неминати,
крај сите живи, непознати, загинати.
Загледај во сите осамени, cитe разделени,
и сите ледени врвои и сите ливади зелени,
и чуј –
додека твоето крило над нив морно се вие
како немирно во нив моето срце бие!
He слетувај галебе мој,
врати се пак во јатото.
Јас сум лотка, осудена
на судир со непознатото.

