Македонска поезија: „Песна за Гоце“ од Ванчо Николески!

Денеска се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев, кој на 4 мај 1903 година загинал во Баница. Гоце Делчев, кој го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите е еден од најголемите македонски револуционери, кој се залагал за македонската борба за слобода и државност. Во негова чест денес читаме македонска поезија во негова чест!

Песна за Гоце – Ванчо Николески

Дувка ветер и шумолат гранки,
пуплат дрвја, цутат сливи ранки,
орач в ниви бисер семе сее,
бисер сее мила песна пее:
„Мина, горо, млад Делчев војвода!”

Жетвар жнее, в поле клас се рони,
солнце пече, зрее жито златно,
бујана песна, низ полето ѕвони:
„Дејди, Јано, дејди мила душо,
дал’ навезе Гоцевото знаме!”

Шумно лисје низ гора се стели,
в честа гора гори силен пламен,
а крај оган седат борци млади,
ечи песна од јуначки гради:
„Се бориме под Гоцево знаме!”

Leave a comment