Летен фестивал на книгата во ТРИ!

И официјално започна летото, а тоа значи дека веќе започнаа летните одмори и патувања, а тоа се едни од најубавите можности за читање. Доколку сте во потрага по нови четива, тогаш треба да ја погледнете понудата во ТРИ, кои официјално го започнаа својот Летен фестивал на книгата, кој ќе трае сè до 20 август, со нови попусти и нови изданија!

Како што велат од ТРИ:

„Се случи едно лето“ и „Прекрасен свету, каде си“ – зар има љубител на белетристиката кој желно не ги исчекува? И зар може летото да мине без нов роман на Мураками? „Телото памети“ и „Храброста да се биде свој“ќе блескаат само за вас под едицијата Популарна наука и психологија, а „Заложници“, „Кутија со сенки“ и „Девојките што горат“ чекаат во одделот за трилерите да ве наежат од глава до петици.

Попустите до 60 %, скалестиот начин за добивање што е можно повеќе книги, изненадувањата што ќе бидат најавувани во бранови, предностите за клупските читатели, сите итаат кон истата дестинација – срцето.“

Додека се подготвувате за летниот одмор, погледнете во каталогот за Летниот фестивал на книгата и одберете си ги новите четива за ова лето!

Leave a comment