Денес на блогот читаме македонска поезија, изборот падна на „Скитник“ од Коле Неделковски!
Скитник – Коле Неделковски
Везден одам, везден траам,
везден судни маки чмаам…
Глава веднам… С’лзи леам
и сред лути рани тлеам.
Блиска рода нигде немам,
ни при живи дел да земам:
Немам либе… Гори младост…
Дни се нижат в страшна гладост.
Лејте очи, с’лзи жешки,
гини срце, в рани тешки!
Роб ќе стане, ден ќе светне,
младост пуста в крв ќе летне!

(Поштенска марка со ликот на Коле Неделковски, по повод 100 години од неговото раѓање, издадена во 2012 година)
