Денес на блогот читаме македонска поезија напишана на македонски јазик!
Без јазик си никој и ништо – Видое Подгорец
Родниот јазик е бисерен ѓердан
од зборови – плодови сочни,
мислите тие ти ги редат
во слики јасни и точни.
Тој е вруток непресушен, вечен,
низ бистри капки – зборови тече.
Жубори, клокоти, ѕвони, се лее
ко јасна ѕвезда секој збор грее.
Тој ни е завет од дедовците
како тланикот на огништето.
Чувај го како црнка во очите –
– без јазик си никој и ништо.

