Десет интересни факти за Зелда Фицџералд!

Зелда Фицџералд е писателка, танчерка и славна личност од ерата на џезот која постојано се борела со ментални болести. Нејзиниот сопруг, познатиот писател Ф. Скот Фицџералд, ја нарече првата американска флаперка, а таа стана икона од 1920-тите поради нејзината жива природа и живописниот и боемски начин на живот.

Членови на нејзиното семејство биле на уважени позиции во владата на САД

Зелда Сајр се родила во Монтгомери, Алабама во 1900 година. Нејзиниот татко, Ентони Дикинсон Сајр, работел како адвокат, претставник во законодавниот дом на државата Алабама, државен сенатор, градски судија и судија во Врховниот суд на Алабама. Дополнително, и правујкото и дедото на Зелда биле во Сенатот на САД.

Зелда била бунтовна девојка

Во средно училиште, желбата на Зелда да биде неконвенционална и бунтовничка водело кон тоа таа да почне да пуши, пие алкохол и да се искрадува од куќата на нејзините родители за да поминува време со момчиња. Нејзините пријатели ја опишувале како бестрашна, смела и девојка која бара внимание. Подоцна, кога живеела со својот сопруг во Њујорк, нејзиниот безгрижен дух и расипничкото однесување (како што скокање во фонтани со целата облека на себе) станале симбол на 1920-тите.

Нејзиниот брак со Ф. Скот Фицџералд бил турбулентен

Бракот на Зелда и Ф. Скот Фицџералд, наводно бил драматичен, полн со алкохолизам, меѓусебно неверство и љубомора. Зелда го обвинила нејзиниот сопруг дека има геј врска со неговиот пријател и колега писател Ернест Хемингвеј, а таа имала нервни сломови во текот на нивниот брак. Иако никогаш не се развеле, парот веќе бил оттуѓен кога Ф. Скот починал во 1940 година.

Меѓусебно се обвинувале за плагијаторство

Ф. Скот засновал некои од неговите ликови на Зелда и ги адаптирал неговите реални интеракции и искуства со неа во своите романи. Тој исто така, буквално, копирал записи од дневниците на Зелда и ги ставал во неговите книги, замаглувајќи ја границата помеѓу фикцијата и реалноста. Во текстот што го напишала за The New York Tribune, Зелда му се потсмевала на нејзиниот сопруг, велејќи дека тој „изгледа верува дека плагијатот започнува дома“.

Од друга страна, Скот ги отфрлил и ги поткопал книжевните амбиции на неговата сопруга. Тој го критикувал нејзиниот роман „Чувај го овој валцер за мене“, единственото објавено дело на Зелда, обвинувајќи ја дека користела автобиографски детали од нивниот живот што тој сакал ги искористи во неговиот роман „Нежна е ноќта“ и дека го позајмила името на ликот од еден од неговите првични протагонисти.

Учела да биде професионална балерина

Како дете, Зелда земала часови по балет, но нејзиниот интерес за танц се обновил во доцните 20-ти години, додека парот живеел во Франција. Надевајќи се дека ќе стане професионална балерина, земала часови по балет во Париз кај руската танчерка Љубов Егорова. Зелда опсесивно тренирала неколку години, поминувајќи цели денови во вежбање и тренирање, сè додека нејзините соништа за танцување не завршиле кога доживела нервен слом во 1930 година.

Пишувањето и сликање биле нејзините креативни филтри додека се лекувала од менталните болести

Во текот на 1930-тите и 1940-тите, Зелда постојано влегувала и излегувала од душевни болници. Иако ѝ била дијагностицирана шизофренија, нејзините флуктуации помеѓу депресија и манија, најверојатно денес би ѝ дале биполарна дијагноза. За време на нејзиниот престој во овие болници, Зелда креативно се окупирала со пишување и сликање. Таа работела на нејзиниот втор роман наречен „Нештата на Цезар“ и сликала сцени од „Алиса во Земјата на чудата“, Библијата и локации во Њујорк како Тајмс Сквер, паркот Вашингтон Сквер и Бруклинскиот мост.

Загинала во пожар во болницата „Хајленд“

Во текот на 1940-тите, Зелда работела на својот роман и наизменично живеела во болницата „Хајленд“ во Ешвил, Северна Каролина. На 10 март 1948 година избувнал пожар во кујната на болницата. Наводно, Зелда имала закажано сесија на терапија со електрошок и примила седативи и била затворена во чекална. Без оглед на тоа каде точно се наоѓала, пожарот се проширил низ катовите на зградата преку шахта, а Зелда загинала заедно со уште осум жени. Таа имала само 47 години.

Видео играта „Легендата на Зелда“ е именувана во нејзината чест

Во средината на 1980-тите, на јапонскиот дизајнер на видео игри, Шигеру Мијамото, му требало име за неговата нова „Нинтендо“ хероина, а името и ликот на Зелда некако совршено се вклопиле во сето тоа. „Според сите раскажувања, таа била позната и убава жена и ми се допадна звукот на нејзиното име“, рекол Мијамото и така ја нарекол принцезата во својата фантастична игра Зелда. Играта беше инстант хит.

Познатата група Eagles ја напишале песната „Witchy Woman“ откако биле инспирирани од биографијата на Зелда

Откако прочитал биографија за Зелда, Дон Хенли од групата Eagles ја напишал песната „Witchy Woman“ која излегла во 1972 година. Тоа беше „важна песна за мене“, рекол Хенли, „бидејќи го означи почетокот на мојата професионална кариера како текстописец“. Опишувајќи ја во песната како „немирен дух“, Хенли се осврнува и на нејзината употреба на абсинт („се доведе до лудило со сребрена лажица“).

Има и десерт во нејзина чест (вид на сладодед)

Во 2013 година, компанијата „Jeni’s Splendid Ice Creams“ понудила ограничено издание на линија сладоледи инспирирани од Зелда. Колекцијата едноставно наречена „Зелда“, се содржела од слатки задоволства со четири вкуса наменети да го одразат животот на Зелда од Алабама, па сè до Њујорк и Св. Пол, Минесота (родниот град на Ф. Скот). Се работело за следните вкусови сладоледи: капини и слатка павлака, коњак и мармалад, темна чоколадна ‘рж, и бисквити и џем од праски. Зелда, со нејзината љубов за деликатесите, веројатно би ги одобрила.

Извор.

Leave a comment