Џулијан Барнс издаде нова книга!

Џулијан Барнс е автор кој е навистина популарен во книжевниот свет и има освоено бројни награди, а во 2011 година ја освои и Букеровата награда, највисоката книжевна награда во Велика Британија, за неговиот роман „Ова личи на крај“. Неговите дела „Ова личи на крај“, „Папагалот на Флобер“, „Само една приказна“, „Расправа во тројка“, „Шумот на времето“ се преведени и издадени и во Македонија. Ако не сте го читале досега, искрено ви го препорачувам да го читате. Има навистина посебен стил на пишување, со голема доза на интроспективност и хумор и е навистина големо уживање да го читате.

За оние кои веќе го знаат, сигурна сум дека ќе се израдуваат на веста дека пред неколку дена излезе неговиот нов роман, „Елизабет Финч“. На официјалната страница на издавачката куќа „Пенгвин Рендом Хаус“, романот е претставен како „привлечна приказна која се фокусира на присуството на уникатна и вивидна жена, чија загуба претставува можност за подлабоко истражување на љубовта, пријателството и биографијата.“

Сижето на романот вели дека се работи за роман за платонска невозвратена љубов кој се врти околу единствениот лик на стоичката, жестока професорка Елизабет Финч. Нил, раскажувачот, го посетува својот клас „Култура и цивилизација“, кој не е наменет само за студенти, туку за возрасни од сите возрасти; ние сме вовлечени во неговата интелектуална љубов кон оваа приватна, воздржана, а сепак заповедничка жена.

Во „Елизабет Финч“, ние сме почестени со сето она што го негуваме во Барнс: неговото око за неортодоксните форми што љубовта може да ги има меѓу двајца луѓе, привлечно скршнување во нефиктивен материјал и силно подвижната подводна струја на историјата, а особено биографијата, како храна и водич во нашите сегашни животи.

Повеќе за книгата можете да дознаете тука, а јас се надевам дека наскоро ќе имаме можност да ја прочитаме и на македонски јазик.

Leave a comment